Vrabotuvanje.com - Комерцијалист/дистрибутер за ТТ канал за реонот на Прилеп - Битола, Прилеп - Лацталис МК ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Комерцијалист/дистрибутер за ТТ канал за реонот на Прилеп

Битола, Прилеп

Рок за пријавување:

  • Лацталис МК ДООЕЛ Скопје



Лакталис МК ДООЕЛ Скопје, има потреба од следната работна позиција​

Комерцијалист/дистрибутер за ТТ канал за реонот на Прилеп 

Опис на работата:

  • Одговара за остварување на резултатите од продажбата (волумен) и реализација на поставените дневни и месечни цели за продажба на Супервизорот за Југозападна Македонија.
  • Местото од каде се извршува работата е Дистрибутивен центар на Лакталис во Битола, па пожелно е кандидатите да се од Битола. Работно време само во прва смена.

Потребни квалификации:

  • ССС;
  • Пожелно претходно работно искуство во продажба;
  • Пожелно е искуство во работа со возила, познавање на дистрибуција и комерцијален пазар;
  • Возачка дозвола Б -категорија.

Одговорности и задачи:

  • Гарантира постојано прибирање на податоци од сите продажни места во регионот во врска со степенот на продадени, дистрибуирани и присутни производи и презема акции за подобрување на дистрибуцијата и продажбата на дневна основа;
  • Врши амбулантна достава и продажба од комбе;
  • Ја следи дистрибуцијата на производите на конкуренцијата во регионот;
  • Контактира и соработува со дистрибутери и ги спроведува активностите за подобрување на волуменот на продажба и дистрибуцијата;
  • Одговара за остварување на целите за продажба на дневна основа;
  • Врши посета на купувачите кои се наоѓаат на дефинирана листа за продажба и преговара за продажба на определни производи;
  • Се грижи за целокупниот асортиман кој треба да се испорача следниот ден на купувачите како и за доволна количина на залиха на производи кај купувачот со цел да спречи недостаток на производи во понуда.


Ние нудиме:

  • Месечни бонуси согласно поставените таргети и КПИ.
     

Доколку Ваш професионален избор е Продажбата, доколку верувате дека успехот на компанијата најмногу зависи од луѓето, нивната енергија, тимски дух и желба за работа, самостојно и брзо донесувате одлуки, а решавањето на проблемите за Вас претставува предизвик, Ве очекуваме во нашиот тим!

Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии може да ги достават преку полето Брза Апликација.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Магацинско работење и логистика изнесува 25.063 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде