Vrabotuvanje.com - Работник во контрола на квалитет - Скопје - ЛИБЕРТИ АД Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Работник во контрола на квалитет

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЛИБЕРТИ АД Скопје

 
Либерти Скопје, дел од Либерти Стил Групацијата, е еден од најголемите производители на челични производи на Балканот и нуди ладновалани котури и табли, поцинкувани котури и табли и пластифицирани котури, главно за сегментот на општа индустрија на регионалниот пазар. 
За потребите на нашето производство, имаме 1 (една) отворена позиција во одделот Контрола на квалитет.
 
 
Работник во контрола на квалитет
 
 
Клучни одговорности и задачи:
  • Врши визуелна контрола, контрола на површина (горна/долна) и на ивиците на траката/лимот 
  • Врши метролошка контрола на ширина, дебелина и должина (за лим) и рамност 
  • Дава оценка за квалитетот на траката/лимот (површина, рамност) од извршена визуелна и метролошка контрола и изготвува извештај за квалитет за секој контролиран котур/лим/пакет
  • Подготвува извештај за неусогласен лим/котур 
  • Интервенира при појава на неквалитет и проблематичен (неусогласен) котур/пакет 
  • При секое прештелување на линијата врши проверка на димензиите и квалитетот на лимот
  • Контролира (визуелни и метролошки) земени проби за испитување 
  • Селектира и отстранува неквалитет од котур/пакет 
  • Ги извршува сите административни работи (извештаи, внесувања, известувања, итн) согласно процедурите за работа 
 
Личен профил:
  • Професионална експертиза
  • Можност за работа во смени
  • Строго почитување и примена на стандардите за Здравје и Безбедност при работа
 
Потребни квалификации:
  • Средно стручно образование 
  • Со работно искуство
  • Основно познавање на Англиски јазик
  • Основно познавање на MS Office 
 
Ве повикуваме да ја доставите Вашата професионална биографија - CV преку полето Брза Апликација со назнака “Апликација за позиција – Работник во контрола на квалитет“ 

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Инсталации, Одржување и Поправки изнесува 24.722 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде