Референти за продажба во Прилеп
Прилеп
Рок за пријавување:
- СЕТЕК Се од Техника ДООЕЛ Скопје
СЕТЕК сé од техника е лидер во областа на ИТ, Аудио видео и белата техника, кој на македонскиот пазар е присутен 27 години. СЕТЕК сé од техника ја поседува најголемата дистрибутивна мрежа во Македонија која ја сочинуваат повеќе од 500 активни партнерски фирми – соработници и кооператори. Истовремено СЕТЕК сé од техника има и свој малопродажен ланец кој континуирано се развива и моментално брои околу 400 вработени.
Ние веруваме дека нашите вработени се движечката сила на нашата компанија и затоа креираме едно модерно и здраво работно опкружување со еднакви прилики и можности за сите вработени.
Наша цел е да регрутираме, мотивираме и да ги задржиме најдобрите луѓе, додека во исто време креираме позитивен баланс меѓу работното време и личниот живот на нашите вработени.
Горди сме на тоа што го имаме веќе постигнато, но секогаш се стремиме кон подобро и затоа потребни ни се ентузијасти, способни и лојални кандидатаи:
РЕФЕРЕНТИ ЗА ПРОДАЖБА ВО ПРИЛЕП
Потребни квалификации:
- Минимум ССС;
- Поседување вештини на продажба
- Пожелно, но не е неопходно претходно работно искуство со продажба во некои од овие области: ИТ, ТВ, Бела Техника, Мали кујнски апарати, Aудио и Видео;
- Познавање на работа со компјутер, Microsoft Office пакетот, Интернет пребарувачи;
- Познавањето на англискиот јазик ќе се смета за предност;
- Способност за комуникација со купувачот
- Способност за тимска работа
- Придонес за врвна услуга на купувачите
- Љубезно со насмевка да ги откриете потребите на потрошувачот
- Желба за учење на техниката и пратење на новитетите во индустријата
- Тимска работа и менторирање од колега со долгогодишно искуство
- Работа во две смени, 40 часа неделно
- Основна плата и таргети за најдобрите
- Обуки за напредок и усовршување на продажни вештини
Доколку сте заинтересирани за интересна и динамична работа, а воедно го поседувате потребното образование, квалификации за успешно извршување на работните задачи, испратете ја Вашата кратка биографија (CV) - ЗАДОЛЖИТЕЛНО со слика не постара од 6 месеци, преку полето Брза Апликација.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!