Vrabotuvanje.com - Оператори за автомат клуб - Бутел - Скопје - Друштво за трговија и услуги ПЛЕЈ ЕНД ВИН ИННОВАТИОН ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Оператори за автомат клуб - Бутел

Скопје

Рок за пријавување:

ПЛЕЈ ЕНД ВИН ИННОВАТИОН е ново отворена компанија која се занимава со дејноста од областа на игри на среќа во автомат клубови, продажба на грепки, инстант лозови, уплата на лото и целиот асортиман на понуди од Државната видео лотарија.

ПЛЕЈ ЕНД ВИН ИННОВАТИОН е компанија која е дел од тимот и има деловна соработка со нашата Државна видео лотарија и ги застапува интересите и нејзините понуди на пазарот на игри на среќа.
ПЛЕЈ ЕНД ВИН ИННОВАТИОН постојано расте, развива стратегии, ги поврзува интересите, бара нови предизвици, го проширува и го обликува бизнисот.  Достојното и угледно работење и постојано истражување на пазарот на игри на среќа за потребите на клиентите  ja доведе ПЛЕЈ ЕНД ВИН ИННОВАТИОН меѓу водечките компaнии.

 Ние ги цениме нашите вработени, бидејќи сме убедени дека тим од стручни, посветени и способни кадри се клуч за успешно работење на секоја компанија која се стреми кон континуирано подобрување, развој и унапредување на деловната активност со цел да биде во чекор со светските стандарди во однос на квалитетот на услугите.

ИГРАЈ ЗА ЗАБАВА // ИГРАЈ ОДГОВОРНО

 Друштво за трговија и услуги ПЛЕЈ ЕНД ВИН ИННОВАТИОН ДООЕЛ Скопје​ има потреба да вработи: 

ОПЕРАТОРИ ЗА АВТОМАТ КЛУБ
(реон Бутел)


​Потребни квалификации:
  • Основно познавање на компјутери
  • Завршено средно образование
  • Со и без работно искуство
  • Активно познавање на англиски јазик
  • Познавања од индустријата на игри на среќа
  • Познавање и работа на MS Office пакетот
  • Добро познавање на законските прописи
  • За работната позиција се потребни момци и девојки не постари од 40 години

Должностите кои треба да ги извршите:

  • Се грижи клиентите да бидат внимателно пречекани и услужени
  • Помага клиентот да се запознае со Упатството и правилата на секоја игра
  • Се грижи за пропишаниот и определен негов однос спрема клиентите да биде согласно пропишаните политики и стандарди на работодавачот
  • Се грижи како добар домаќин, користи и управува совесно и одговорно со доделенaта опрема и материјали за работа во сопственост на работодавачот и/или неговите соработници

Персонални карактеристики

  • Професионален изглед и однесување 
  • Добри комуникациски способности
  • Способност за работа во динамично опкружување
  • Посветеност на работата
  • Чесност, доверливост и одговорност
  • Насочен кон тимска работа и професионален однос со колегите
  • Изразени интерперсонални и комуникациски вештини
  • Лидерски вештини
  • Способност за преговарање
  • Аналитичност
  • Способност за решавање на проблеми и конфликти
  • Прецизност, одговорност и посветеност на работата
  • Способност за работа во тим

Ние нудиме:

  • Редовни месечни примања со бонуси
  • Полно работно време во смени
  • Платен празник во зависност на работни саати
  • Договор за работа (определено и неопределено)
  • Летен и зимски одмор
  • Платен ноќен труд на работно место (од 24:00 до 04:00)

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пријавите со Ваша биографија (CV) да ги испратите преку полето Брза Апликација
 со назнака на апликацијата за „ОПЕРАТЕРИ ЗА АВТОМАТ КЛУБ (реон Бутел)
”.

Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведениве услови, ќе бидат контактирани!
Апликациите без назнака
 НЕМА да бидат разгледани!

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде