Vrabotuvanje.com - Инженер за обезбедување квалитет со клиенти - Охрид - КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Инженер за обезбедување квалитет со клиенти

Охрид

Рок за пријавување:

  • КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА



КОСТАЛ е  денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголемите производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс Ројс. 
 
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие? 
 
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи  истовремено баланс помеѓу работата и приватниот живот.
 
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
 
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од 
 
Инженер за обезбедување квалитет со клиенти​ (Quality Customer Engineer)

 
Работни задачи и одговорности: 
  • Обезбедување квалитет на производот кој ги задоволува барањата на купувачот
  • Брзо регира при комуникација во насока на решавање на проблемите;  
  • Подготвува, имплементира и ги следи  сите системи поврзани со квалитетот и обезбедување дека тие се во согласност со квалитетот на купувачот и законската регулатива;
  • Работи според зададени сертификати за системи за квалитет, но не ограничувајќи се на IATF 16949 и ISO 14001.
  • Управување со рекламациите од купувачот, управување со 8Ds и комуникацијата со купувач Управување со аудитите од страна на купувачот (сериско производство & посети); 
  • Управување со податоците за гаранција на локалните проекти / производи (пр. Следење на перформансите во поле и трошоците за гаранција).
 
Образование, искуство, вештини 
  • ВСС од Машинска струка; (Школување, академски студии и стручно оспособување, студирање, понатамошно или дополнително стручно образование или искуства);
  • 3 годишно искуство во производна околина на слична позиција во автомобилска индустија, ќе се смета за предност;
  • Познавање на стандардите за автомобилска индустрија (ISO-TS / IATF16949, ISO-9001, 9004, 14001 и 19011);
  • Напредно познавање и работа со методите за QM FMEA / SPC / DoE / MSA / Six Sigma / Visual Management / Robust Design како и напредно познавање на 5S / 7M / 7W / 3 Mu / 7 Muda
  • Познавање на Microsoft Office производи (Word, Excel, Power Point и E-Mail - Outlook) познавање на системот SAP е предност;
  • Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори); 
  • Спремност за патување и подолг престој на обука во странство; 
  • Силна аналитичка компетентност и способност за решавање проблеми;
  • Способност за работа со кратки крајни рокови и работа под притисок.
 
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашета лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување за " Инженер за обезбедување квалитет со клиенти (Quality Customer Engineer)” преку полето Брза Апликација.
 
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди  еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
 
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
 
 
Краен рок за пријавување: 31.01.2021
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде