Vrabotuvanje.com - Самостоен правен референт - Скопје - МАКПЕТРОЛ АД
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Самостоен правен референт

Скопје

Рок за пријавување:

  • МАКПЕТРОЛ АД

 
Врз основа на членот 22 став 1 точка 1 и став 2, членот 23 став 1, 2, и 7 од Законот за работните односи, „Макпетрол“ А.Д. - Скопје распишува
 
О Г Л А С
 
За вработување на 1 (еден) работник на определено време од 3 (три) месеци на работно место самостоен правен референт во Одделение за правни работи, имотно правни работи и застапување во Дирекција за правни работи.
 

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • Завршено високо образование, Правен факултет;
  • Положен правосуден испит;
  • Работно искуство од најмалку 2 (две) години во областа правни работи по положен Правосуден испит;
  • Познавање и практична примена на Законот за парнична постапка, Законот за облигационите односи, Закон за извршување, Закон за стечај, Закон за општата управна постапка, Закон за управни спорови, Закон за урбанистичко планирање; Закон за приватизација, Закон за легализација, Закон за градење и Закон за градежно земјиште;
  • Практична работа со компјутер.
 
Дневното работно време за горенаведеното работно место е од 08:00 часот до 16:00 часот.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до петок.
Основната плата за горенаведеното работно место изнесува 29.000 денари.
Прекувремената работа, работата за време на неработни денови или на денови на празници е платена согласно Законот за работните односи и подзаконските акти.
 
 

Заинтересираните кандидати треба да достават:

Писмо за мотивација;
Кратка биографија; 
Копија од диплома за завршено образование;
Копија од Уверение за положен правосуден испит;
Копија од други стекнати дипломи и уверенија;
Препорака од претходен работодавач;
Уверение од кривична евиденција.
 

Потребните документи да се достават на адреса:

„Макпетрол“ А.Д. - Скопје
Сектор за човечки ресурси
ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.4 – Скопје
лице за контакт: Симе Манчески
телефон за контакт: 02/3146-532
 
 
По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе бидат повикани на интервју. 
 
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.
 
Кандидатите кои нема да достават целосна документација, апликациите што ќе бидат доставени преку e-mail, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид. 
 
Рокот за пријавување почнува со денот на објавувањето на огласот и трае 5 (пет) работни дена.
 

„МАКПЕТРОЛ“ А.Д. - СКОПЈЕ
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Право изнесува 23.814 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде