Vrabotuvanje.com - Комерцијалист / Виш Комерцијалист - Скопје - КАМ ДОО Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Комерцијалист / Виш Комерцијалист

Скопје

Рок за пријавување:

  • КАМ ДОО Скопје

КАМ доо е најголем синџир на маркети во Македонија кој ги применува основните принципи на хард дисконт: Висок квалитет и постојано ниски цени. Присутни сме во три земји со повеќе од 100 продавници, а успехот на компанијата го обезбедуваат 1.200 вработени кои посветено и професионално ја извршуваат својата работа.
 
Дали сакате да бидете дел од нашите тимови?
КОМЕРЦИЈАЛИСТ / ВИШ КОМЕРЦИЈАЛИСТ 
 
 
 
Услови кои треба да ги исполнувате:
  • Завршено Економски, Земјоделски, Ветеринарен или Технолошки факултет
  • Работно исксутво:
    - За комерцијалист минимум 5 години искуство во Fast-moving consumer goods (FMCG) индустрија 
    - за Виш комерцијалист мин. 10 години во Fast-moving consumer goods (FMCG) индустрија
     предност ќе имаат кандидати со работно искуство во набавка/продажба.
  • Одлично познавање на анлиски јазик предност со познавање и германски јазик
  • Одлично познавање на работа на компјутер (MS Office) предност познавање на софтвер Enterprise resource planning (ERP)
  • Способност за тимска работа, работа под притисок и почитување на предвидените рокови.
  • Имате изразени лидерски и комуникациски способности
  • Да поседувате одлични преговарачки, аналитички и организациски вештини.
 
 
Ќе бидете одговорни за некои од следниве групи на производи:
  • Хемија: средства за перење и чистење, козметика и средства за лична хигиена
  • Основни прехрамбени производи 
  • Овошје и заленчук
  • Непрехрана: текстил и мали кујнски апарати, опрема за домаќинство и електроника
  • Кондиторија, солена програма
 
Ваши задачи и одговорности:
  • Преговори со добавувачи за набавка на категориите што ги работи
  • Управување со доделениот асортиман, изготвување на стратегија за набавка во согласност со интерните барања на компанијата за квалитет и цени.
  • Анализа на асортиманот, создавање и развој на сопствени брендови, градење на стратегија на цени    
  • Контрола и обезбедување на залихи на стоките
  • Активно учество во процесите при припрема на маркетинг активностите
  • Следење на пазарот и конкуренцијата;
  • Изготвува предлози за планирање, имплементација и подобрување на организацијата и ефективноста на работата
 
Ние Ви нудиме:
  • Предвидена нето плата за позицијата: 
    - За комерцијалист основна плата 40.000 денари + дополнителен бонус зависно од успешноста во извршувањето на работните задачи
    - За виш комерцијалист  основна плата 60.000 ден.  + дополнителен бонус зависно од успешноста во извршувањето на работните задачи
  • Задолжителна исплата на сите други законски додатоци на плата
  • Регрес за годишен одмор
  • Работа во интернационална средина
Работно време: дневно од 08:00 до 16:00 часот, 40 часа неделно, од понеделникот до петок, работа во една смена – претпладне. Изборот ќе се врши во рок од 15 или 30 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации. 
 
Доколку сте во потрага по нови професионални предизвици, мотивирани и подготвени за нови успеси, испратете персонална биографија (CV) на следната адреса:  КАМ доо, Персонален оддел, ул. „Индустриска“ бб (Товарна), 1000 Скопје или на и-меилот:  personal@kam.com.mk
 
Апликација за работа можете да испратите и преку нашата нова интернет страница: www.kam.com.mk
 
Рокот за пријавување е до 26.01.2021 год.
 
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде