Vrabotuvanje.com - Оператор во енергетика - Скопје - Пивара Скопје АД
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Оператор во енергетика

Скопје

Рок за пријавување:

  • Пивара Скопје АД



Одговорен е за квалитетно и ефикасно извршување на работните задачи во одделот енергетика, согласно интерните правила и процедури, законските регулативи и корпарациските стандарди на Coca Cola HBC & HEINEKEN.

Што е тоа што го бараме:

  • Високо образование или ССП во областа на Eлектро-техника, Машинство, Автоматика или Tехнолгии на преработка на вода;
  • Најмалку три години работно искуство со Енергетика, одржување или технологии на производни линии;
  • Изразена способност за превентивно решавање проблеми, логика, споредба и квалитетна одлука;
  • Ориентираност кон тисмка работа;
  • Подготвеност за работа во смени;
  • Добро познавање MS Office (Excel, Word, Power Point);
  • Читање и применување техничка документација;
  • Работа со мерни инструменти, контролери и рачунала.

Краток опис на основните одговорности:

  • Ги извршува сите планирани превентивни и корективни задачи во одделот за одржување и енергетика;
  • Го следи процесот за подготовка на вода и пареа, производство и рекуперација на CO2, како и процесот на ладење;
  • Редовно пополнување на работни налози и следење на ефикасност на линиите во SAP систем;
  • Редовно обезбедување на сите потребни енергенси за производниот процес;
  • Континуирано следење на потрошувачката на вода, енергија и рекуперација на CO2 ;
  • Репарира оштетени делови и врши анализи на настанати дефекти;
  • Води контрола на работата на машините, копмресорите и навремено информира доколку на истите е потребна одредена превентивна или корективна интервенција;
  • Одговара за редовна и точна евиденција на алатот и машините што се користат во одделот за енергетика;
  • Дава предлози за оптимизиција на процесите и зголемување на ефикасноста на одделот.

Како да се аплицира:

Кандидатите кои ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниов начин: 

  • да пристапат на полето аплицирај веднаш и да прикачат своја кратка биографија и писмо за интерес најдоцна до 22.02.2021 год.

Работниот однос се заснова на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување договор на неопределено време. Неделното работно време за позицијата е од понеделник до недела, 40 работни часа.

Висината на основната бруто-плата зависи од тоа колку кандидатот ги исполнува условите на работното место.
Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Со праќање на Вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

Пивара Скопје АД една од водечките компании во Македонија со 98 години традиција, богато портфолио на производи и број еден позиција на пазарот ви нуди вистински предизвик. Пивара Скопје АД е дел од големите интернационални семејства на Coca-Cola HBC и Heineken.

Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде