Адвокатско друштво ЛАЗОВ БАДЕВА Адвокати Скопје има потреба од следната работна позиција

АДМИНИСТРАТОР
Опис на работното место:
- Спроведување административни активности, грижа за непречено функционирање на канцеларијата и поддршка на целокупното административно работење;
- Прием на странки и нивно упатување;
- Блиска соработка со сметководство и грижа за предметите на клиентите;
- Прием на пошта, архивирање, дистрибуирање;
- Архивирање на излезна пошта, скенирање, копирање;
- Подготовка на документација за АВРМ, пријава/одјава на вработени во АВРМ, и користење на електронскиот систем за пријава на вработени во АВРМ;
- Подготовка на документација за ФЗО, пријава/одјава во ФЗО, документи за боледување; следење на предмети, комуникација со вработените;
- Посета на клиенти, институции (УЈП, ПИОМ, ФЗО, Централен регистар итн.) и достава на документација;
- Подготовка на документи – персонални досиеја на вработени (годишни одмори, решенија за одмор, боледувања, разни потврди);
- Административна поддршка во работењето (подготвување и доставување на известувања, барања и сл.).
Потребни квалификации:
- Завршено средно образование;
- Познавање на работа на компјутер (MS Office);
- Познавање на Англиски јазик.
Професионални знаења и способности:
- Развиени способности за тимска работа;
- Развиени комуникациски вештини;
- Организираност, аналитичност и флексибилност;
- Способност за мултитаскинг и работа со крајни рокови;
- Професионалност, работна етика и доверливост во однос на информации и податоци.
*Адвокатско друштво ЛАЗОВ БАДЕВА Адвокати Скопје нуди комплетна програма за прилагодување и вовед во работата.
*Нуди одлична можност за стучно усовршување во областа на правото и континуиран професионален и личен развој преку динамична работна околина.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат погоренаведените услови, своето CV можат да го испратат преку полето Брза Апликација.
Аплицирај и стани дел од тимот на Адвокатско друштво ЛАЗОВ БАДЕВА Адвокати Скопје.
Повеќе информации за адвокатското друштво можете да најдете на www.lba.mk .