Винора Дооел е фирма со 15 годишно постоење на македонскиот пазар специјализирана за продажба и сервис на висококвалитетна медицинска опрема. Фирмата располага со широк асортиман на медицинска апаратура и нуди соодветни решенија во различни области од медицината.
ОГЛАС
СЕРВИСЕР НА МЕДИЦИНСКА опрема
- Минимум средно електро техничко или ВСС, електро факултет, предност слаба струја, телекомуникации;
- Пожелно претходно искуство од 3 години во слична или иста област;
- Активно познавање на Office , Outlook Express и предност е познавање на AutoCad;
- Активно познавање на технички англиски јазик (пишан и говор);
- Комуникациски способности со клиенти;
- Континуирано усовршување со обуки во странство (стручни, индивидулни,..);
- Способност за тимска работа;
- Самоиницијативност;
- Динамична работна средина и работа со искусен тим;
- Поседување на возачка дозвола Б категорија (активен возач);
- Желба за постојано учење и напредување во работата.
Опис на работно место:
- Сервис на медицинска опрема од различни производители;
- Работа на терен (низ цела држава);
- Одговорен за редовно известување на претпоставеиот за завршените работни задачи, уредно водење на документација;
- Исполнување на предвидените задачи во предвиден рок.
Нудиме:
- Можност за сигурно и долгогодишно вработување;
- Работен однос со 40 часа неделно со работно време од понеделник до петок од 07:30h до 15:30h;
- Постојана поддршка и помош од целиот тим на Работодавачот во периодот потребен за адаптација;
- Одлична работна атмосфера;
- Можност за напредок доколку кандидатот покаже желба, знаење и способност да се носи со своите работни обврски;
- Можност за учење и стекнување нови вештини;
- Редовна Плата (износот зависи од образовните квалификации и работното искуство).
Доколку сметате дека Вие сте идеалната личност за оваа работна позиција, испратете ни го вашето CV преку полето Брза Апликација со наслов: “за работна позиција Сервисер”.
Само кандидатите кои ќе влезат во најтесниот круг ќе бидат контактирани од страна на претставнци на нашата компанија.