Vrabotuvanje.com - Инженер за продажба - Скопје - ЛАНКОМ КОМПЈУТЕРИ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Инженер за продажба

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЛАНКОМ КОМПЈУТЕРИ
  • Адреса: Бул. Св. Климент Охридски 24, 1000 Скопје
  • Веб страна: http://www.lancom.com.mk

 

Ланком Компјутери e приватна систем интеграторска компанија која постои од 1991 година и официјален продажен и сервисен партнер на DELLEMC и Oracle во Македонија. ЛАНКом Компјутери има долгогодишно искуство и знаење за комплетирање на секоја фаза од проекти од информатичката технологија без разлика на големината и нивната сложеност, почнувајќи од дизајнирање, проектирање, набавка на потребен хардвер, оперативен и апликативен софтвер, инсталација, имплементација, системска интеграција, па се до техничка подршка и сервисирање на опремата, а наши коминтенти се најголемите македонски компании и скоро сите државни институции.

Ланком Компјутери д.о.о. има потреба од следната работна позиција:

ИНЖЕНЕР ЗА ПРОДАЖБА

 

Опис на работнoто место:

  • Изготвување на понуди за продажба на опрема и информатички решенија базирани на производната програма на DELL, Oracle како и другите наши партнери и добавувачи;
  • Креирање на решенија од областа на информатичката технологија и нивна презентација пред нови и постоечки клиенти;
  • Постојана комуникација со постоечки клиенти како и креирање на нови купувачи и коминтенти;
  • Водење грижа за задоволството на постоечките клиентите и нудење на постојана техничка поддршка при набавка на нова опрема и имплементација нови решенија;
  • Подготовка на извештаи и потребна документација во процесот на продажба и набавка;
  • Комуникација со странските партнери;
  • Извршување на други активности кои се тесно поврзани со работата.

Потребни квалификации:

  • Завршен факултет од областа на компјутерска техника, информатичка технологија или сродна област;
  • Познавање на хардверски и мрежни компоненти;
  • Познавање на оперативните системи;
  • Познавање на виртуелни околини;
  • Активно познавање и користење на англиски Јазик;
  • Возачка дозвола од Б категорија.

Работно искуство:

  • Без работно искуство или со работно искуство во делот на продажба на компјутерска опрема.

Професионални знаења и способности:

  • Способност за креативна и ефективна продажба на информатичка опрема, софтвер и комплексни технички решенија;
  • Развиени комуникациски и презентациски вештини;
  • Солидни технички познавања и висок степен на ИТ компетентност;
  • Самоиницијатива и флексибилност;
  • Способност за тимска работа и мотивираност;
  • Способност за учење на нови технологии.

Сертификати:

  • Предност имаат кандидати со постоечки сертификати од областа на компјутерските технологии.


ЛАНКом Компјутери нуди стимулативна средина, тренинг и можност за професионално усовршување во рамките на компанијата.

Сите кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите кратки биографии можат да ги испратат преку полето Брза Апликација.


Веб страна: www.lancom.com.mk

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
ИТ, Телекомуникации изнесува 45.517 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде