
AД Европа: Слатка бајка на вкусови кои гарантираат уживање
Уживајте во вкусот кој ги поминува границите и ги надминува вашите очекувања
AД Европа е компанија која остава свој белег на голем број генерации и тоа признание гордо го носи повеќе од 135 години, што ја прави една од најстарите компании во кондиторската индустрија на Балканот. Така, пренесувајќи го искуството и зголемувајќи го квалитетот низ повеќе генерации, таа станува она што е денес – стабилна индустриска компанија со продажба на своите производи на странски и домашен пазар.
АД ЕВРОПА објавува оглас за работно место
Технолог во производство
Работни задачи:
- Запознавање со технолошкиот процес во производниот сектор
- Следење на производствениот процес од припрема на суровини до пакување на финален производ
- Контрола и мерење на параметрите на технолошкиот процес
- Запознавање со видот и пакувањето на готовите производи во секторот
- Мерење и контрола на тежината на готовите производи
- Запознавање на суровините и амбалажата кои се примаат секојдневно во погонот
- Запознавање со следливост на готов производ и амбалажа за пакување
- Контрола на идентификационите броеви на примената и употребена суровина во производство
- Прави контрола на работниците дали ги почитуваат стандардите за хигиена и квалитет на производите што произведуваат и пакуваат
- Дава предлози и сугестии за подобрување на процесите кои ги следи
- Го известува претпоставениот за секое отстапување на параметрите кои ги следи
- Извршува и други задачи по налог на менаџерот на секторот
Вештини и способности:
- Високо развиени комуникациски и презентациски вештини
- Висока способност за вербално и писмено изразување
- Развиени организациски способности, способности за планирање и развиено аналитичко размислување
- Прецизност, точност и посветеност на работата
- Способност за тимска работа
- Креативност и чувство за естетика
- Тимски дух, прецизност, исполнителност и чувство за детал
- Развиени менаџерски способности
Квалификации:
- ВСС Технолошко - металуршки факултет ( Прехранбена технологија)
- Напредно познавање на MS Office( Word, Excel, Power Point)
- Одлично познавање на англиски јазик
- Работно искуство ќе се смета за предност
Компанијата нуди:
- Можност за вработување на неопределено време
- Можност за стручно усовршување
- Можност да ја развивате својата кариера во добро позната компанија со долгогодишна традиција
- Динамична работа во професионално окружување
- Редовни месечни примања, надоместоци и бенефиции
Сите заинтересирани кандидати своите биографии може да ги достават преку полето Брза Апликација.



