Vrabotuvanje.com - Работник во производство - Скопје - ДС СМИТХ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Работник во производство

Скопје

Рок за пријавување:

  • ДС СМИТХ

DS Smith  е водечка европска компанија за производство на амбалажа приспособена на барањата од клиентот со нагласок на врвниот дизајн и локална услуга близу просториите на клиентот. Со портфолио на производи кое опфаќа транспортно пакување, продажно пакување, промотивно пакување и пакување за изложување, приспособено заштитно пакување и индустриско пакување, DS Smith  ги задоволува сите барања на пазарот. На глобално ниво делува во четири дивизии: амбалажа, рециклирање, пластика и хартија.
 
Со тим од над 22.000 ентузијасти за амбалажа низ целиот свет, нашата цел е нашите вработени да се чувствуваат ценети и да го прифатат тоа што ние како бизнис имаме за цел да го оствариме. Силно ја поддржуваме важноста на внатрешната култура која се фокусира на амбиција и чесност.
 
Ги поттикнуваме вработените да ги прифатат нашите пет основни вредности: да се грижиме, да си задаваме предизвици, да ни веруваат, да реагираме, да сме упорни. Овие основни вредности не водат при донесување на одлуки и ги обликуваат политиките и праксите на компанијата. Ова ни овозможува успешно да ги оствариме нашите стратешки цели и да ги задоволиме потребите на сите наши заинтересирани страни. Повеќе информации на www.dssmith.com
 
DS Smith Скопје вработува:
Работник во производство
 
 
Потребни квалификации:
  • Средно образование
  • Со или без релевантно работно искуство
  • Организираност и одговорност
  • Способност за работа во тим
  • Мотивирана и стабилна личност
  • Флексибилност, адаптибилност и способност за работа во динамично опкружување
Работни задачи и одговорности:
  • Учествува во улагањето и излагање на плочи на доработните машини
  • Врши визуелна контрола на исправноста на плочите 
  • Го следи реализирањето на планот за работа
  • Се грижи за хигиената и основното одржување на опремата за работа
  • Ги следи процедурите за безбедност и здравје при работа
 
Што нудиме: работа во интернационална компанија, во динамична атмосфера, со можност за персонален и професионален развој.
 
Сите заинтересирани кандидати кој ги исполнуваат наведените квалификации потребно е да достават CV преку полето Брза Апликација не подоцна од 15.04.2021.
 
Само оние апликации кој ги задоволуваат критериумите наведени погоре ќе бидат поканети на интервју.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде