Vrabotuvanje.com - Инженер за одржување - Скопје - ДС СМИТХ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Инженер за одржување

Скопје

Рок за пријавување:

  • ДС СМИТХ
 
DS Smith  е водечка европска компанија за производство на амбалажа приспособена на барањата од клиентот со нагласок на врвниот дизајн и локална услуга близу просториите на клиентот. Со портфолио на производи кое опфаќа транспортно пакување, продажно пакување, промотивно пакување и пакување за изложување, приспособено заштитно пакување и индустриско пакување, DS Smith  ги задоволува сите барања на пазарот. На глобално ниво делува во четири дивизии: амбалажа, рециклирање, пластика и хартија. 

Со тим од над 28.000 ентузијасти за амбалажа низ целиот свет, нашата цел е нашите вработени да се чувствуваат ценети и да го прифатат тоа што ние како бизнис имаме за цел да го оствариме. Силно ја поддржуваме важноста на внатрешната култура која се фокусира на амбиција и чесност.

Ги поттикнуваме вработените да ги прифатат нашите пет основни вредности: да се грижиме, да си задаваме предизвици, да ни веруваат, да реагираме, да сме упорни. Овие основни вредности не водат при донесување на одлуки и ги обликуваат политиките и праксите на компанијата. Ова ни овозможува успешно да ги оствариме нашите стратешки цели и да ги задоволиме потребите на сите наши заинтересирани страни. Повеќе информации на www.dssmith.com
 
 
DS Smith Скопје вработува:
Инженер за одржување
 
Потребни квалификации:
  • ВСС – Машински факултет 
  • Поседување на минимум 3 години работно искуство на иста или слична позиција
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на користење на компјутер – MS Office
  • Поседување на возачка дозвола Б - категорија

Потребни способности и вештини:
  • Одлични организациски способности
  • Способност за работа во тим
  • Мотивирана и стабилна личност
  • Иницијативност и посветеност кон резултати
  • Способност за поставување на приоритети и работа во дадени рокови

Работни задачи и одговорности:
  • Детектирање и отстранување на машински дефекти на производствени машини
  • Одржување и сервисирање на транспортни системи
  • Учење на нови процеси
  • Користење на техничка документација 
  • Развивање на планови и имплементација на нови методи со цел подобрување на работењето и  намалување на трошоци
  • Поставување на планови за превентивно одржување на машини 
  • Следење на процедури за безбедност и здравје при работа
 
Што нудиме: работа во интернационална компанија, во динамична атмосфера, со можност за персонален и професионален развој.
 
Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат наведените квалификации потребно е да достават CV преку полето Брза Апликација не подоцна од 25.04.2020
Само оние апликации кои ги задоволуваат критериумите наведени погоре ќе бидат поканети на интервју.

 
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде