Комерцијалист за надворешна продажба
Скопје
Рок за пријавување:
- ВИТАЛИА Никола и др. доо

ВИТАЛИА Никола ДОО, лидер во производство на здрава храна во регионот го проширува тимот.
Зошто Виталиа?
Затоа што веруваме во нашата мисија, со создавање на здрава храна да креираме здрави идни генерации. Затоа што сме тим на професионалци кои го живеат истиот сон: македонски производ препознает во 55 земји ширум светот. Сите области на Компанијата, од производство до продажба, имаат заедничка цел: да креираме потполно задоволство на клиентите, да им понудиме и да ги поттикнеме кон подобри нешта. За подобро утре!
Бараме
Доколку имате искуство во продажба, ве привлекува комуникација со интернационални клиенти и сакате да го искусите задоволството од позиционирање на овој познат македонски бренд на меѓународни пазари, тогаш ова е позицијата за Вас.
Како ќе Ве препознаеме:
- Имате завршено високо образование и искувство во продажба
- Самоиницијативноста и подготвеноста за учење ви се јаки лични карактеристики
- Го владеете англискиот јазик на високо ниво
- Самоуверени сте во работата со пакетот MS Office
Цел и одговорност на работното место:
- Развивање на меѓународната продажната мрежа
- Одржување на односи со клиенти ширум светот
- Изнаоѓање на нови клиенти и пласман на нови пазари
- Изработка на планови за промоција на производи
- Подготовка на квартални и годишни извештаи
Виталиа го почитува трудот на вработените и истиот го вреднува преку пакет бенефиции и бонуси на квартално и годишно ниво.
Обезбедуваме континуирана обука за надградување на работните вештини, пријатна работна средина и топол оброк.
Доколку сакате да бидете член на нашиот успешен тим и сте подготвени да го прифатите предизвикот, испратете ни ја вашата кратка биографија (CV) на следната е-адреса: marijas@vitalia.com.mk
Само избраните кандидати ќе бидат контактирани.



СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!