Vrabotuvanje.com - Сметководител - Скопје - Саник Инженеринг ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Сметководител

Скопје

Рок за пријавување:

  • Саник Инженеринг ДООЕЛ

Саник Инженеринг е компанија посветена на креирање и создавање на урбани и функционални станбени и деловни простори со уникатен дизајн...           
                
Нашиот тим од професионални и искусни архитекти при осмислувањето на објектите секогаш е инспириран и ги става во фокус желбите и потребите на купувачите.     

Нашата компанија постојано се стреми кон иднината, ги следи светските трендови во градежништвото и архитектурата. Препознатливи сме по квалитетот кој го создаваме со примена на современи стандарди и технологии во изградбата. 

Нашите проекти влеваат доверба во нашите клиенти преку создавање на трајни вредности за идни генерации.

Во моментов имаме потреба од следната работна позиција:

СМЕТКОВОДИТЕЛ
 

Потребни квалификации:

  • Економски Факултет, сметководство и ревизија ќе се смета за предност
  • Активно познавање на актуелната сметководствена регулатива и следење на сметководствени стандарди
  • Поседување на лиценца за овластен сметководител
  • Одлично познавање на Excel
  • Работно искуство со материјално и сметководствено работење и искуство со работа на сметководствениот програм PANTHEON ќе се смета за предност
  • Познавање на Англиски јазик
  • Работно искуство во областа на сметководственото работење (повеќе од 4 години) 
  • Работно искуство во градежна компанија ќе се смета за предност.

Основни задачи и одговорности:

  • Водење на материјално сметководство
  • Книжење на влезни и излезни фактури
  • Комуникација со клиенти во делот на финансиските прашања (сложување на сметководствени картици)
  • Изработка на фактури за клиенти
  • Книжење на банкарски изводи
  • Изготвување на даночни пријави(ДДВ-04) и електронска комуникација со УЈП
  • Пресметка на плата и електронска комуникација со УЈП
  • Пресметка на персонален данок и електронска комуникација со УЈП
  • Благајничко работење(евиденција)
  • Изготвување на завршна пресметка

Личен профил:

  • Одговорна и лојална личност
  • Самоиницијативност и посветеност на работата
  • Подготвеност за индивидуална и тимска работа 
  • Посветено и навремено извршување на работните задачи

Ние нудиме:

  • Редовни месечни примања к-15 и бонуси
  • ​Пријатна работна атмосфера

 Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија со назнака за позицијата, преку полето Брза Апликација.​

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде