Vrabotuvanje.com - Копирајтер - Скопје - АЛФА ЛАБ ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Скопје

Рок за пријавување:

  • АЛФА ЛАБ ДООЕЛ

КОПИРАЈТЕР

 

Потребни квалификации:

  • Високо образование (предност имаат кандидатите што имаат завршено новинарски, комуниколошки, јазични студии);
  • Бидејќи ќе се пишуваат и содржини на англиски јазик потребно е високо познавање на англиски јазик (читање – пишување – говорење);
  • Способност за креативно изразување на македонски литературен јазик;
  • Широк спектар на интереси и подготвеност за пишување на секакви теми;
  • Остро око за детали и способност за воочување пропусти во пишувањето (фактографски, правописни, јазични) како и визуелни и технички недоследности;
  • Искуство во уредување содржини на веб-сајт: обработка на фотографии, уредување на текст (предност);
  • Вештини за одржување на социјални мрежи (предност);
  • Брзина, навременост, точност и способност за добро планирање на работниот ден;
  • Исполнителност, посветеност, иницијативност и одговорност.

Работни обврски:

  • Креирање квалитетна содржина и концепти за промоција на повеќе производи;
  • Креирање на своја содржина за блогови, социјални медиуми итн;
  • Работење со дизајнери да се осигура дека содржината е информативна и привлечна;
  • Соработка со тимот за маркетинг, продажба и развој на производи;
  • Пишување авторски содржини и обработка на теми прилагодени од странски извори како и секојдневна координација со останатите членови на тимот;
  • Самостојна работа, што покрај креативно пишување и адаптација на превод, вклучува: проверка на факти, почитување на правописните правила, обработка на фотографии и веб-уредување;
  • Одржување на профилите на социјалните мрежи и комуникација со публиката;
  • Преземање одговорност за објавените содржини и справување со евентуалните пропусти и забелешки од страна на публиката;
  • Останати сродни активности во склоп на работното место и желба за учење и надградување на знаењето.
     

Алфа Лаб е компанија која својот успех го базира на тимската работа и динамичен развој, Ве повикуваме да станете дел од нашиот тим!

Испратете биографија преку полето Брза Апликација.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Маркетинг, ПР и Медиуми изнесува 28.527 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде