Vrabotuvanje.com - Дистрибутер - доставувач - Неготино - ИНТЕРНАТИОНАЛ ФРЕШ ФOOД ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Дистрибутер - доставувач

Неготино

Рок за пријавување:

  • ИНТЕРНАТИОНАЛ ФРЕШ ФOOД ДОО
  • Адреса: Vrapciste, 100 br.1, 1200 Tetovo

Интернатионал Фреш Фоод ДОО е компанија со седиште во Скопје, формирана во 2018 година од домашни и странски инвеститори. Компанијата има за цел да започне со производство и дистрибуција на свежо пилешко месо на домашниот пазар и пошироко. Визијата на Компанијата е преку изградба на сoпствени инкубаторски станици, фарми за бролјери, сопствена кланица и фабрика за производство на сточна храна да креира затворен круг на производство на свежо пилешко месо со врвен квалитет и пласирање до потрошувачите на најквалитетен 100% домашен производ.

Интернатионал Фреш Фоод ДОО има потреба од следната работна позицијa

Дистрибутер - доставувач
Појдовна локација: Неготино

Опис на работното место и одговорности:

  • Дистрибуција на производи за источна македонија;
  • Постојана грижа и унапредување на соработката со купувачите на дефинираниот реон;
  • Грижа за оптималното ниво на снабдување на купувачите од асортиманот на производи;
  • Реализирање на зададените цели на продажба на неделно и месечно ниво;
  • Одговорен за имплементација на договорените активности кај  купувачите;
  • Врши и други работи кои спаѓаат во делокругот на работењето.

Потребни професионални квалификации и функционални вештини:

  • Минимум Средна Стручна Спрема –ССС;
  • Искуство во областа на малопродажба ќе се смета за предност;
  • Исполнителен, комуникативен, организиран и практичен;
  • Возачка дозвола Б-категорија;
  • Пожелно познавање на Албански јазик
  • Познавање на MS Office пакетот
  • Способност за работа во тим, и ефикасно координирање на тим;
  • Аналитичност, почитување на рокови, самоиницијативност и лојалност.

Сите заинтересирани кандидати нека испратат свое CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци на e-mail: hr@fresh-food.eu со задолжителна назнака “Дистрибутер - доставувач“ или преку полето БРЗА АПЛИКАЦИЈА.

Апликант може да биде секое лице без разлика на расна, верска, национална или политичка припадност.

Изборот на најдобрите кандидати ќе биде извршен најдоцна во рок од 45 дена од завршувањето на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавените кандидати, во согласност со членот 23 од Законот за работни односи.

Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака НЕМА да бидат разгледани!

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Сообраќај и Транспорт изнесува 24.623 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде