Vrabotuvanje.com - Оператори во производство - Скопје - ЛИБЕРТИ АД Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Оператори во производство

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЛИБЕРТИ АД Скопје

 
 
Либерти Скопје, дел од Либерти Стил Групацијата, е еден од најголемите производители на челични производи на Балканот и нуди ладновалани котури и табли, поцинкувани котури и табли и пластифицирани котури, главно за сегментот на општа индустрија на регионалниот пазар. Оперативната филозофија на компанијата е да произведе безбеден, одржлив челик а воедно и да обезбеди флексибилна и сигурна услуга со краток рок на испорака и одлична корелација со клиентите.
 
За потребите на нашето производство, имаме отворени позиции на повеќе производствени линии.
 

ОПЕРАТОРИ ВО ПРОИЗВОДСТВО

Клучни одговорности и задачи:

  • Работи со сите главни и помошни уреди на постројката согласно програмата за работа;
  • Пред да почне со работа ја утврдува исправноста на постројката и другите помошни уреди;
  • Врши припрема на материјалот;
  • Ги контролира сите помошни табли;
  • Го контролира квалитетот на материјал;
  • Ја контрoлира исправноста на постројката и сигнализира за сите неисправности кои ќе се појават;
  • Го управува движењето на целата линија, го регулира затегнувањето и ги обележува котурите на излезниот дел по редослед на процесирање;
  • Ги извршува сите административни работи (извештаи, внесувања, известувања, итн) согласно процедурите за работа;
  • Се грижи за хигиената (чистотата) во својата смена и истата ја предава исправна на наредната смена;
  • Ги спроведува мерките за заштита при работа, пожар и екологија;
  • Врши и други бизнис задачи по барање на неговиот/нејзиниот главен претпоставен.

Личен профил:

  • Комуникациски вештини;
  • Организациски вештини;
  • Можност за работа во смени;
  • Строго почитување и примена на стандардите за Здравје и Безбедност при работа.

Потребни квалификации:

  • Средно стручно образование;
  • Работно искуство од мин 1 година.
     
Ве повикуваме да ја доставите Вашата професионална биографија - CV со назнака “Апликација за позиција – Оператори во производство“.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде