Vrabotuvanje.com - Соработник за контрола на квалитет - Скопје - КАМ ДОО Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Соработник за контрола на квалитет

Скопје

Рок за пријавување:

  • КАМ ДОО Скопје

КАМ доо е најголем синџир на маркети во Македонија кој ги применува основните принципи на хард дисконт: Висок квалитет и постојано ниски цени. Присутни сме во три земји со повеќе од 100 продавници, а успехот на компанијата го обезбедуваат 1.200 вработени кои посветено и професионално ја извршуваат својата работа.
 
Дали сакате да бидете дел од нашите тимови?
 
 
СОРАБОТНИК ЗА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ
 
 
Ваши задачи:
  • Водење на процеси во обезбедување на квалитет,
  • Водење на микробиолошки и хемиско-технолошки контроли на наши производи и процеси,
  • Консалтинг и активна соработка при решавање на технолошки задачи,
  • Интерно процесуирање на рекламации од потрошувачи, процесурање на рекламации кон добавувачи
  • Соработка со надлежни органи и задруженија,
  • План, контрола и информирање за процесот ХАСАП во цела фирма,
  • Контрола на прием на артикли во магацин согласно годишниот план
  • Посета и контрола на производните процеси и услови кај добавувачите, согласно годишниот план за контроли
 
Вашиот профил:
  • ВСС Технолошко-металуршки, насока биотехнологија или Земјоделски факултет-технолог за храна или општа насока, 
  • Најмалку 5 год работно искуство во областа, предност ќе имаат кандидати со работно искуство во производство.
  • Доверливост, аналитичност, педантност и точност. Мотивирани, добро организирани со развиено чувство за координирање на трошоци и економичност,
  • Одлично познавање на англиски јазик, а за предност ке се смета познавање на германски јазик,
  • Познавање на МС Офис,
  • Возачка дозвола –Б категорија.
 
Компанијата нуди:
  • Работа во интернационална компанија, динамична работа исполнета со нови предизвици и стекнување нови искуства и вештини;
  • Работа во тим кој е секогаш подготвен да ви помогне;
  • Воведување во работата со обука која ветува напредок и успех;
 
Доколку сте во потрага по нови професионални предизвици, мотивирани и подготвени за нови успеси, испратете персонална биографија (CV) на следната адреса: КАМ доо, Персонален оддел, ул. „Индустриска“ бб (Товарна), 1000 Скопје или на и-меилот:  personal@kam.com.mk
 
Апликација за работа можете да испратите и преку нашата нова интернет страница: www.kam.com.mk
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде