Vrabotuvanje.com - Водител на смена во Магацин - Охрид - КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Водител на смена во Магацин

Охрид

Рок за пријавување:

  • КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА

КОСТАЛ е  денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. 

Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголемите производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс Ројс. 

Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие?
  
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи  истовремено ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ  и баланс помеѓу работата и приватниот живот.

Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!

КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од 

 
Водител на смена во Магацин, сектор Логистика 
 

Работни задачи и одговорности
  • Дисциплински одговорен за група на магационери и и во таа насока обезбедува ефикасно извршување на сите активности на магационерите за кои е одговорен во делот на постигнување на деловните цели и одговорност за целосно управување со залихите.
  • Одговорен е за ефикасно извршување на операциите на Магационот за време на смената. 
  • Контролирање и координирање на операциите во Магацинот, за време на смената
  • Задолжен е тимот во Магацин, за кој е одговорен да го испорачува планираниот материјал
  • Задолжен е да осигура дека целите на Магацинот (KPI), како и стандардите за квалитет се исполнети, а се со цел да се задоволат барањата на клиентот. 
  • Одговорен е за развој на тимот со кој раководи, фокусирајќи се на индивидуалните перформанси и барањата за поддршка
  • Поттикнува култура на безбедно работење и следење на прописите за безбедност и здравје при работа
  • Водење на табеларни пресметки и бази на податоци, пожелно  познавање на магацински системи
  • Oдговара директно до Менаџерот на Магацин/Директорот на Логистика.
 
Образование, искуство, вештини:
  • ВСС/ССС
  • Работно искуство во производна средина, пожелно во автомобилска индустрија;
  • 2-3 години искуство како Тим Лидер/Водител на смена во Магацин/Производстово
  • Познавање на ERP/MRP
  • Напредно познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);
  • Напредно познавање на MS Office (Excel, Word, Access, e-mail);
  • Способност за следење и усогласување со упатствата дадени од претпоставените
  • Добри комуникациски вештини,  способности за решавање проблеми, вештини за организирање и водење на тим
  • Добри вештини за планирање и способнот да се запазат рокови
  • Вештини за детално водење евиденција и организирање и складирање на материјали на логичен начин
  • Искуство во употреба на компјутеризирани системи за контрола на залихите
  • Важечка лиценца за вилушкар и управување со ПМВ
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашета лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик преку полето Брза Апликација со назнака Водител на смена во сектор Логистика - Магацин   (Shift Leader in Warehouse, Logistics Department) 
 
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди  еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
 
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
 
Краен рок за пријавување: 21/04/2021
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде