Vrabotuvanje.com - Администратор за човечки ресурси - Скопје - ОРБИКО ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Администратор за човечки ресурси

Скопје

Рок за пријавување:

  • ОРБИКО ДОО

 

Орбико е водечки дистрибутер за голем број на квалитетни, глобално познати брендови кои се движат од производи за нега и убавина, прехрамбени и непрехрамбени производи, технички и електрични апарати, лекови, играчки, текстил, цигари, моторни масла и многу други производи. Богатиот и разновиден спектар на брендови и производи бара висок степен на флексибилност, отвореноста на постојани промени, флексибилна организација и инвестирање во развој на луѓето и во брендовите.
 

 

АДМИНИСТРАТОР ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ (HR ADMINISTRATOR)

 
 
Основни одговорности и задачи:
  • Водење и одржување на документацијата за вработените (договори, годишни одмори, отсуства и сл.)
  • Администрирање и поддршка на вработени во користење на софтвер за човечки ресурси
  • Креирање на процедури и соработка со останатите сектори за нивна имплементација
  • Креирање огласи за вработување и селекција на кандидати
  • Организација и имплеметација на процесот за регрутирање
  • Одржување база на податоци на кандидати за идни работни места
  • Комуникација со релевантни државни институции
  • Ориентација на нововработени
  • Администрирање на процесот за тренинг на вработени
  • Поддршка на сите сектори при спроведување на политики за човечки ресурси
  • Поддршка во односите со вработените
 
Квалификации и компетенции:
  • Универзитетска диплома во администрација, човечки ресурси, или еквивалентна област
  • 2-3 години работно искуство во административна средина и познавање на работа во областа на човечките ресурси
  • Познавање на Англиски јазик, МS Office пакет
  • Способност за тимска работа и приоритизирање на задачите
  • Одлични комуникациски и меѓучовечки вештини
  • Позитивен однос кон промени
  • Самоиницијативност и ориентираност кон решавање на проблеми
  • Искуство во работа со софтвер ќе се смета за предност.
 
Сите заинтересирани кандидати може да аплицираат со праќање на CV (биографија) на е-маил: info.mk@orbico.com со Предмет: Апликација за наведената позиција за која аплицираат.
 
Само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју. 
Со аплицирање, се согласувате вашите информации да се чуваат во нашата база на кандидати во рок од 12 месеци.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде