Vrabotuvanje.com - Доставувач со Ц категорија - Скопје - АЛМА - М ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Доставувач со Ц категорија

Скопје

Рок за пријавување:

  • АЛМА - М ДООЕЛ

Ние во Алма-М веќе 30 години сериозно ги проучуваме и подготвено ги пречекуваме сите промени и новости кои доаѓаат, преку развој, дејствување и трансформација на бизнисот, носејќи нови квалитети за нашите клиенти. Посветуваме посебно внимание на развој на човечките ресурси. Привлекуваме, развиваме и задржуваме најдобри професионалци и наградуваме за нивните резултати.

Објавува ОГЛАС за следната работна позиција:

ДОСТАВУВАЧ со Ц категорија


Датум на објава: 7 Април 2021
Рок за пријавување до 14 Април 2021
Број на оглас: О-210407-ЛД-ДО
Сектор: Логистика
Локација: Скопје
 
 
Работни задачи:
  • Проверка на возило за достава пред секое заминување на пат,
  • Утовар, транспорт, истовар и достава на производи на безбеден и навремен начин, по спецификација,
  • Прифаќање на плаќања за испорачани производи и уплата на дневен промет во рок од 24 часа,
  • Обезбедување на одлични услуги на клиентите, одговарање на прашања и известување на претпоставениот за жалби од клиенти,
  • Почитување на доделена рута и временски распореди,
  • Почитување на сите закони за транспорт и безбедно возење,
  • Поддржува и гради тимски дух и решава проблеми во интерес на работата,
  • и други работи по опис на работно место.
 
Потребни квалификации и вештини:
  • Поседување возачка дозвола Ц – категорија
  • Минимум завршено средно образование
  • Флексибилност за работа на терен
  • Одлична комуникација,
  • Професионално однесување,
  • Организиран, мотивиран и стабилна личност,
  • Динамичен, проактивен и насочен кон резултати
  • Способност за индивидуална и тимска работа
  • Позитивен однос кон промени
 
Потребно искуство:
  • Активен возач (минимум 2 години)
  • Претходно работно искуство не е потребно
 
Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со нивната професионална биографија која може да ја достават преку полето Брза Апликација со задолжителна назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката.
 
Напомена:
Работниот однос се заснова на определено време од 1 месец, период на докажување на способности, со можност за продолжување.
САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката, НЕМА да бидат разгледани!
Дневно работно време е претпладне, од 08.00 до 16.00 часот, од понеделник до петок.
Паричниот износ на нето плата за огласеното работно место, изнесува во опсег од 23.000,00 до 29,000,00 во зависност од работната успешност.
Рок во кој ќе се изврши изборот – доколку на огласот се пријават до 200 кандидати, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати, изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
Ве молиме без телефонски јавувања
 
АЛМА-М ДООЕЛ Скопје е секогаш отворена за соработка со кандидати кои се вредни ентузијасти и сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.
Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Магацинско работење и логистика изнесува 25.063 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде