Vrabotuvanje.com - Металург / Машински инженер - Куманово - ФЗЦ 11 ОКТОМВРИ А.Д
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Металург / Машински инженер

Куманово

Рок за пријавување:

  • ФЗЦ 11 ОКТОМВРИ А.Д

Фабрика за заварени цевки 11 Октомври а.д. од Куманово денеска претставува производствен гигант не само во рамките на Р. Македонија и Балканот, туку и многу пошироко како препознатливо име за производство на електро заварени цевки и профили со висок квалитет.

Фабриката е акционерско друшво со доминантен приватен капитал, располага со поголем број на производни капацитети за производство на заварени челични цевки и профили скоро од сите видови и големини, како и нивна соодветна антикорозивна заштита,со што се вбројува како еден од најзначајните производители на овие производи во Југоисточна Европа и важи за сигурен партнер со долгогодишна традиција.
 

Металург / Машински инженер
1 (еден) извршител

 
 
Задолжително е пријавените кандидати за оваа позиција да ги исполнуваат следните услови:
  • Дипломиран инженер металург и/или машински инженер
  • Познавање на англиски јазик
  • Напредно познавање на MS Office
  • Б-категорија
  • Со или без работно искуство 
     
Работни задачи:
  • Врши обработка на упити, договори, тендери и сл. за прашања од доменот на секторот;
  • Изготвува планови; 
  • Ја координира работата;
  • Ги следи стандардите кои се неопходни за работа на секторот;
  • Прави ревизии на документите; 
  • Соработува и контактира со другите служби;
  • Работи согласно важечки процедури, давање допринос во нивно континуирано подобрување, давање предлози за ревизија на постоечките како и предлози за воведување на нови;
  • Врши и други работни задачи во рамките на својата стручност, по налог на претпоставениот.
  • Ги почитува донесените правила и мерки за БЗР и ППЗ
  • 1Дејствува во согласност со критериуми за квалитет дефинирани во внатрешните политики и процедури на компанијата и имплементацијата на интегрирани системи за управување со квалитет QMS / EMS / ISO 45001:2018;

Од кандидатите за бараните позиции се очекува да ги поседуваат следните вештини, способности и лични особини:

  • Организираност и ефикасност 
  • Способност за тимска работа
  • Работа со дадени рокови
  • Следење на интерните правила и процедури
  • Самоиницијативност и самокритичност

Заинтересираните кандидати ЗАДОЛЖИТЕЛНО да ги достават следните документи:

  • Кратка биографија (CV)
  • Доказ за завршено образование
  • Доказ за вештините ако поседува

Сите погоре наведени документи се задолжителни за пријавување по огласот и истите треба да бидат испратени преку полето Брза Апликација или на адреса: 11 Ноември 87 А, Куманово, со назнака "за оглас за вработување за Металург/Машински инженер”.

Ве молиме Вашите документи да ги доставите стриктно на погоре наведените адреси, во спротивно нема да се земат предвид. 

Врз основа на прегледаните документи, кандидатите кои што ги исполнуваат условите и ги доставиле бараните документи ќе бидат повикани на интервју и тестирање. 


ФЗЦ 11 Октомври АД Куманово

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде