Vrabotuvanje.com - Техничар - Куманово - ФЗЦ 11 ОКТОМВРИ А.Д
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Куманово

Рок за пријавување:

  • ФЗЦ 11 ОКТОМВРИ А.Д

Фабрика за заварени цевки 11 Октомври а.д. од Куманово денеска претставува производствен гигант не само во рамките на Р. Македонија и Балканот, туку и многу пошироко како препознатливо име за производство на електро заварени цевки и профили со висок квалитет.


Фабриката е акционерско друшво со доминантен приватен капитал, располага со поголем број на производни капацитети за производство на заварени челични цевки и профили скоро од сите видови и големини, како и нивна соодветна антикорозивна заштита,со што се вбројува како еден од најзначајните производители на овие производи во Југоисточна Европа и важи за сигурен партнер со долгогодишна традиција.
 

Техничар за механика на цврсти тела
1 (еден) извршител

 
 
Задолжително е пријавените кандидати за оваа позиција да ги исполнуваат следните услови:
  • Средно образование (ССП машински техничар, хемиски техничар )
  • Познавање на англиски јазик
  • Напредно познавање на MS Office
  • Б-категорија
  • Со или без работно искуство 
     
Работни задачи:
  • Врши испитувања според процедурите и упатствата за испитување,
  • Врши финална подготовка и проверка на тест парчињата пред испитување
  • Се грижи за исправноста на опремата во лабораторијата,
  • Запознаен е со работата на другите одели во лабораторијата и по потреба асистира во истите,
  • Одговара за квалитетното и навремено извршување на работните задачи во лабораториите,
  • Одговара за работната и технолошката дисциплина во лабораториите,
  • Одговара за точност на податоците внесени во документите, навремено извршување на поставените задачи,
  • Комуницира и соработува со другите организациони единици во компанијата
  • Извршува други работни задачи по налог на претпоставениот
  • Ги почитува донесените правила и мерки за БЗР и ППЗ
  • Дејствува во согласност со критериуми за квалитет дефинирани во внатрешните политики и процедури на компанијата и имплементацијата на интегрирани системи за управување со квалитет QMS / EMS / ISO 45001:2018
     

Од кандидатите за бараните позиции се очекува да ги поседуваат следните вештини,  способности и лични особини:

  • Организираност и ефикасност 
  • Способност за тимска работа
  • Работа со дадени рокови
  • Следење на интерните правила и процедури
  • Самоиницијативност и самокритичност

Заинтересираните кандидати ЗАДОЛЖИТЕЛНО да ги достават следните документи:

Кратка биографија (CV)
2Доказ за завршено образование
Доказ за вештините ако поседува

Сите погоре наведени документи се задолжителни за пријавување по огласот и истите треба да бидат испратени  преку полето Брза Апликација или на адреса:  11 Ноември 87 А, Куманово, со назнака "за оглас за вработување за Техничар за механика на цврсти тела”.

Ве молиме Вашите документи да ги доставите стриктно на погоре наведените адреси, во спротивно нема да се земат предвид. 

Врз основа на прегледаните документи, кандидатите кои што ги исполнуваат условите и ги доставиле бараните документи ќе бидат повикани на интервју и тестирање. 


ФЗЦ 11 Октомври АД Куманово

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде