Vrabotuvanje.com - Водоинсталатер - Скопје - Vrabotuvanje.com за клиентот
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Водоинсталатер

Скопје

Рок за пријавување:

Работодавач: Vrabotuvanje.com за клиентот

                                  

ВРАБОТУВАЊЕ ОНЛИНЕ ДОО 
Заради проширување на тимот на свој клиент објавува оглас за следната работна позиција во Скопје:

ВОДОИНСТАЛАТЕР (внатрешни и надворешни хидротехнички инсталации)
1 (Еден) Извршител

Главни задачи и одговорности:

  • Изведба на внатрешни и надворешни хидротехнички инсталации;
  • Работа на градежни објекти во тим од градежни инженери, технички кадар и општи работници;
  • Редовна евиденција на материјалите кои што ги вградува на градежните објекти.

Потребни квалификации и знаења:

  • Средно образование ССС (машинско, градежно или слично) или KB III степен инсталатер на водовод или KB III степен машинско или градежно училиште;
  • Работно искуство од минимум 5 год. на иста или слична позиција;
  • Поседување возачка дозвола Б категорија.

Клучни способности

  • Способност за работа во тим со повеќе работници;
  • Самоорганизација и самостојност во работата;
  • Развиена способност за одржување на високо ниво на квалитет во работењето;
  • Самоиницијативност и подготвеност за учење.

Нудиме

  • Можност да сте дел од успешна компанија со утврден имиџ во градежништвото;
  • Стабилност, можност за личен развој и надградба на професионален план;
  • Професионална обука според личните потенцијали и потребите на компанијата;
  • Динамична средина, полна со интересни предизвици;
  • Мотивирачки месечен надоместок и пакет бенефиции;
  • Почеток со работа – веднаш.​

Работно време  од 08 часот до 16 часот; 40  часа неделно; 8 часа дневно.
Ви нудиме работа во сигурна и стабилна компанија, стимулативна и натпросечна плата, со можност за понатамошно усовршување и напредување. 

Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат условите може да ги испратат своите биографии (CV), мотивациско писмо и потврда за стекнато образование  најдоцна до 31.05.2021 година со назнака “ВОДОИНСТАЛАТЕР”.
 
Изборот на кандидатите ќе биде извршен согласно член 23 од Законот за работни односи.
 
Само кандидатите кои ќе достават комплетна документација и кои ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција. 

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Некомплетни и подоцна пристигнати пријави нема да се разгледуваат.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Инсталации, Одржување и Поправки изнесува 24.722 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде