Vrabotuvanje.com - Возач на товарно возило - Скопје - АГРОТЕХНА ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Возач на товарно возило

Скопје

Рок за пријавување:

  • АГРОТЕХНА ДОО
  • Адреса: Ул. Христо Татарчев 1 бр.21а К.Вода, 1000 Скопје

АгроТехнА ДОО ,пове повеќе од 30 години успешно го продолжува својот раст, со голема почит кон човекот и општеството АгроТехнА ДОО ги смета своите човечки ресурси за клучен фактор за својот развој, каде посебно се важни вештините и залагањата на поединците, кои го формираат тимот, а се наоѓаат во сите нивоа на хиерархијата.
Нашата цел е да поставуваме долготрајни вредности ,каде што поедниците ќе станат вистински
професионалци ,каде што ќе се развиваат заедно со целата Компанија и каде ќе имаат креативен развој на кариерата

Друштво за трговија на големо и мало АГРОТЕХНА Атанас и д р. ДОО увоз-извоз Скопје
Ул.Христо Татарчев 1 бр.21а ,Кисела Вода -Скопје

Со цел проширување на тимот за логистика распишува оглас за вработување на:
 
Возач на товарно возило со “Б“ категорија.
Со место на вршење на работните задачи во Скопје (населба Кисела Вода)



Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини:
  • Средно стручно образование
  • Возачка дозвола за Б категорија
  • Претходно искуство 2 години како возач на товарно возило
  • Одлична психофизичка состојба
  • Позитивен став, тимски дух, желба за успешно и квалитетно завршување на работата.
  • Лојалност,иницијативност, темелност, енергичност.

Одговорности и работни задачи:
  • Транспорт на материјали и производи до централен магацин или царински склад до продажни места и клиенти
  • Редовна безбедносна инспекција на возилото и известување за дефекти, инциденти или прекршоци во сообраќајот
  • Маневрирање на возилото во позиција за утовар/истовар
  • Контрола и распоредување на трговска стока за достава во возилото
  • Проверка на фактичката состојба на стоката при предавање на истата
  • Помага при утовар и истовар на трговската стока од/во возилото

Што нудиме?
  • Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим;
  • Континуирана обука и можност за напредување;
  • Работа во смени, вкупно 40 часа неделно; понеделник – сабота

Доколку сте заинтересирани за работната позиција, а воедно го поседувате потребното образование, работно искуство, квалификации, вештини и личен профил за успешно извршување на работните задачи на работното место, испратете ја Вашата кратка биографија преку полето Брза Апликација, со назнака: “Оглас за Возач на товарно возило со Б категорија” .


Изборот ќе се врши во рок од 10-20 дена, во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Општи правила за аплицирање:
Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот).
Назнака на позицијата за која се аплицира
 
Огласот е активен до 23.04.2021 година

Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во АГРОТЕХНА АТАНАС И ДР.ДОО или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас. Доколку нема никаква напомена од Ваша страна, податоците ќе бидат уништени.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Сообраќај и Транспорт изнесува 24.623 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде