Vrabotuvanje.com - Административен асистент (м/ж) - Скопје - АТС ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Административен асистент (м/ж)

Скопје

Рок за пријавување:

  • АТС ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Скопје

 
Конкурс за ангажирање на Административен асистент (м/ж)
 
Атс инженеринг дооел Скопје објавува јавен оглас за вработување на Административен асистент/ка во Скопје.

 
Опис на работата:
 
Помага во финансиското и административното работење на организацијата.
Ова вклучува архивирање на документите, подготовка на налози за исплати, договори, подготовка на квартални извештаи за фактури ослободени од ДДВ, поднесување на документи до институции, прием на клиенти, прием на телефонски разговори и нивно прераспределување, прием на пошта, средување на документација, како и други задачи поврзани со финансиско-административното работење на организацијата согласно воспоставените внатрешни политики и регулативи.  
 

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
 
  • Завршено високо образование
  • 5 годишно работно искуство со административно работење  
  • Одлични вештини на информатичка технологија 
  • Одлично познавање на англискиот јазик
  • Искуство на работа во динамична атмосфера и кратки рокови
  • Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи
  • Возачка дозвола -Б категорија
 
* Работното време е 40 часа во работната недела
 

Најдоцна до 31 Мај 2021 година заинтересираните кандидати треба да достават:
  • детална биографија на македонски и мотивационо писмо
  • препорака од претходните работни ангажмани 

Ве молиме во апликацијата да наведете телефон и e-адреса за контакт.
 
Кандидатите кои најдобро одговараат на горенаведените критериуми ќе бидат повикани на интервју по завршувањето на конкурсот. Во зависност од изборот, организација може да спроведе и тестирање на најдобрите кандидати. 
 
Кандидатите кои нема да ги достават бараните документи во целост нема да бидат разгледувани
 
Атс инженеринг дооел Скопје гарантира дека сите пријавени кандидати ќе имаат исти услови при изборот без оглед на етничката припадност, родовата идентификација, сексуалната ориентација, возраста, брачниот и родителскиот статус, расата или која било друга основа.
 
 
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде