Vrabotuvanje.com - Инженер од областа на животна средина за работа во организационата единица - Скопје - Градежен институт МАКЕДОНИЈА АД-Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Инженер од областа на животна средина за работа во организационата единица

Скопје

Рок за пријавување:

  • Градежен институт МАКЕДОНИЈА АД-Скопје
 
 
Посветеноста и одржувањето на највисоки стандарди на професионализам, постојаната потрага по иновативни решенија и прифаќањето на нови можности со цел постигнување на најдобри резултати, повеќе од 4 децении го издигнуваат Градежен Институт МАКЕДОНИЈА АД Скопје како лидер меѓу градежните компании во обезбедување специфични услуги во градежништвото.
 
Доколку сакате да бидете дел од успешниот тим на Градежен Институт МАКЕДОНИЈА АД Скопје, каде ќе можете да ја остварите Вашата визија, креативност, да го примените своето знаење и да изградите успешна кариера, аплицирајте на следниот 
 
О Г Л А С
ЗА РАБОТНО МЕСТО
 
1 (еден) инженер од областа на животна средина за работа во организационата единица Завод проектирање / Оддел животна средина

 
Неопходни компетенции:
  • Високо образование со 240 или 300 ЕКТС од следните области:
  • Технички факултети: инженерство на животна средина, електро-енергетика, технолошко-металуршко инженерство, хемиско инженерство, машинско инженерство, градежништво, архитектура, пејзажна архитектура, инженерство по биологија, биохемија и физиологија или 
  • Природно математички факултет: екологија, биологија
  • Со или без работно искуство 
  • Поседување на Уверение за положен стручен испит за стекнување на статус Експерт за стратегиска оценка на животна средина или  Уверение за положен стручен испит за стекнување на статус експерт за оцена на влијанието врз животната средина издадени од Министерството за животна средина и просторно планирање, ќе се смета за предност
  • Познавање на англиски јазик и други странски јазици
  • Работа со компјутери и познавање на MS Office, Internet и Auto CAD,
  • Познавање и примена на различни софтвери за моделирање во животна средина ќе се смета за предност и
  • Поседување возачка дозвола Б категорија.
 
Работниот однос се заснова на определено време во траење од 6 (шест) месеци, со можност за продолжување.

 
Конкурентска предност за работната позиција:
  • Желба за работа во средина со високи барања
  • Одлични аналитички, комуникациски и организаторски способности, способност за работа со различни тимови, фокусираност кон детали
  • Динамичност, ефективност и ефикасност
  • Флексибилност и адаптибилност
  • Посветеност, мотивираност, иницијативност
  • Развиена способност за одржување на високо ниво на квалитет во работењето
  • Самоиницијативност и подготвеност за учење и личен развој
  • Справување со проблеми
 
Ние нудиме:
  • Можност да сте дел од голема регионална компанија со утврден имиџ во градежништвото
  • Стабилност и можност за развивање
  • Учество во меѓународни проекти
  • Градење на успешна кариера
  • Можност за надградба на професионален план
  • Одлични услови за работа – атрактивна и динамична работа
  • Професионална обука според личните потенцијали и потребите на компанијата
  • Мотивирачки месечен надоместок и пакет бенефиции.
 
Дневното работно време на работникот е од 8 часот до 16 часот. 
 
Неделното работно време изнесува 40 работни часа (од понеделник до петок). 
 
Потребните документи – мотивационо писмо, СV, диплома, овластувања, потврди и др. да се достават во Архивата на ГИ Македонија АД, ул.Дрезденска бр.52 Скопје или преку полето Брза Апликација.
 
Телефон за контакт 02/3091-945
 
Изборот на кандидатите ќе биде извршен согласно член 23 од Законот за работни односи.
 
Само кандидатите кои ќе достават комплетна документација и кои ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција. 
 
Со самото аплицирање на овој оглас, давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 12 (дванаесет) месеци.
 
Градежен Институт МАКЕДОНИЈА АД Скопје води посебна грижа за заштита на лични податоци и за доверливост со Вашата апликација.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Градежништво, Геодезија и Геологија изнесува 25.150 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде