Vrabotuvanje.com - Специјалисти и Експерти од областа на човечки ресурси - Скопје - ЕВН Електродистрибуција дооел
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Специјалисти и Експерти од областа на човечки ресурси

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЕВН Електродистрибуција дооел


EВН Македонија и нејзините друштва вршат дејности од областа на дистрибуција, снабдување и производство на електрична енергија. На македонскиот пазар компанијата е присутна над 15 години како дел од групацијата ЕВН АГ Австрија и претставува доверлив работодавач за своите вработени кој нуди конкурентни услови на пазарот на труд и различни можности за развој. Цел на ЕВН е одржување на висока професионалност и континуиран квалитет на услугите за своите корисници. 

КАРИЕРА ВО ЕВН МАКЕДОНИЈА 

Доколку имате желба да бидете дел од голем и успешен тим, да ги реализирате своите амбиции и остварите професионален развој во меѓународна групација, како и да придонесувате кон остварување на растот и развојот на една од најуспешните компании, аплицирајте за

ОГЛАС ЗА ВЛЕЗ ВО БАЗА НА ПОТЕНЦИЈАЛНИ КАНДИДАТИ (М/Ж) за
Специјалисти и Експерти од областа на човечки ресурси 

КОГО бараме?

Кандидати со универзитетско образование и релевантно работно искуство од најмалку 5 години, одлично познавање на процеси, алатки и методологии за регрутација, селекција и развој на вработени, искуство со различни HR функции, познавање на Закон за работни односи, одлично познавање на Англиски јазик (писмено и усмено), исполнителност, иницијативност, високи аналитички способности, одлични комуникациски вештини и способност за тимска работа. 


ШТО нудиме?

Работа на интересни проекти и работни задачи, во рамки на кои ќе ги развиете Вашите професионални вештини и знаење. Овозможуваме предуслови за развој на Вашиот потенцијал на професионално поле. Осигуруваме позитивна работна средина и баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот. 

КАКО да аплицирате?

Испратете ја Вашата Биографијa, копии од дипломи и сертификати и мотивациско писмо на baza@evn.mk со назнака “За влез во базата на потенцијални кандидати“, најдоцна до 25.06.2021. Го задржуваме правото да Ве контактираме за отворени позиции за кои ги исполнувате условите, доколку имаме потреба во иднина. Согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај наведените документи треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување која ќе ја најдете на следниот линк https://www.evn.mk/Careers.aspx.

ЕВН Македонија е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност.

Откријте го светот на ЕВН и искористете ја можноста за одличен развој на Вашата кариера!

 
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Човечки ресурси изнесува 36.801 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде