Vrabotuvanje.com - Платена практикантска работа за автоматско софтверско тестирање - Скопје - МАГМАБАЈТ ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Платена практикантска работа за автоматско софтверско тестирање

Скопје

Рок за пријавување:

  • МАГМАБАЈТ ДООЕЛ

За нас:

Ние сме нова стартап компанија која се стреми кон задоволување на потребите на нашите клиенти низ целиот свет од областа на софтверското тестирање. Компанијата е во раст и има цел да се етаблира на меѓународниот тестинг пазар воедно и да го прошири својот тим со амбициозен кадар кој ќе придонесе за остварување на поставената цел.

Магмабајт има потреба од следната работна позицијa:

Платена практикантска работа за автоматско софтверско тестирање

Магмабајт има потреба од еден практикант со можност за засновање на редовен работен однос по завршувањето на практиканската работа, при што ќе се стекне со практично знаење и вештини од информатичката технологија и софтверско тестирање од областа на:

  • Основи на тестирање
  • Поставување на тестинг процес на еден проект
  • Креирање на тест стратегија и тест план
  • Мануелно и автоматско тестирање на веб сервиси (API Testing)
  • Мануелно и автоматско тестирање на кориснички интерфејс (UI Testing)
  • Основи и концепти на програмирање
  • Анализирање на документација за проект и креирање соодветни тест случаи (test cases)

Потребни квалификации:

  • Завршен четврти семестар на некој од техничките факултети од областа на информатичката наука и технологии
  • Одлично познавање на англискиот јазик во усна и пишана форма
  • Согласно Законот за практикантсво, кандидатот не треба да е постар од 34 години и да не е во работен однос
     

Предност имаат кандидати со основни познавања на:​

  • Основни концепти во програмирање (ООП, Класи, Енкапсулација, Наследување)
  • Основи во Javascript

Напомена: Интервјуто и праксата нема да бидат "online",  ќе се одвиваат во канцелариите на Магмабајт.

Се повикуваат сите заинтересирани кандидати да достават своја кратка биографија (CV) преку полето Брза Апликација.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде