Vrabotuvanje.com - Градежен инженер - Желино, Тетово - ЕУРОВИА ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Градежен инженер

Желино, Тетово

Рок за пријавување:

  • ЕУРОВИА ДООЕЛ
  • Адреса: ул.101 бр.15 Желино, 1200 Тетово
  • Веб страна: http://www.eurovia.mk

 

ЕУРОВИА ДООЕЛ  е една од најголемите приватни компании за градежништво и развој на инфраструктура во Македонија. Портфолиото на ЕУРОВИА е диверзифицирано во развој на индустрии како градежништво и управување со инженерски проекти. Во последните 10 години ЕУРОВИА остави свој белег на домашниот и регионалниот пазар преку развој на стратешки проекти со највисоки меѓународни стандарди и истовремено значително придонесувајќи за развој на економска стабилност на земјата.

Поради зголемување на обемот на работа го распишуваме следниот оглас:

ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР – Инженер за изведба (3 – ца извршители)
 

Главни одговорности:
  • Го дефинира предметот на работа на градежен проект во соработка со Техничкиот директор
  • Раководење, обезбедување и координирање на градежни проекти и усогласување, контрола и синхронизација на сите фази на изведба.
  • Создава целосен план за работа преку идентификување и наведување на клучните активности за успешна реализација на проект
  • Изработува Динамичен План за изведба на градежни активности
  • Изработува План на потребни набавки на материјали
  • Изработува Организациона шема на потребни човечки ресурси и персонел; регрутирање на нови потребни ресурси
  • Администрира со Договорот со инвеститорот и со Договорите на потенцијални подизведувачи и соработници
  • Составува неделно планирање на работите.
  • Го следи спроведувањето на работите во согласност со безбедноста, квалитетот и животната средина.
  • Административни и документациски обврски врзани со тековното извршување на проект: град.книги, град. ситуации и град. дневник
  • Ги проценува перформансите на персоналот вклучен во проектот.
Потребни квалификации:
  • ВСС – Градежен факултет
  • Искуство во релевантни проекти од споредлива природа и степен на сложеност во својство на Раководител на градилиште (изградба / реконструкција на комерцијални, станбени и / или јавни згради; мостови; јавни патишта)
  • Одлично познавање на AutoCad, ArchiCad и апликациите од MS Office пакетот
 
Што нудиме:
  • Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во земјата;
  • Работа од понеделник до петок од 08:00 – 16:00 часот, 40 часови неделно;
  • Работа во безбедна и здрава околина со почитување на сите норми за безбедност и здравје при работа; 
  • Можност за професионално усовршување, обука и напредок на работното место; 
Сите заинтересирани кандидати кои сметаат дека имаат вештини и знаење за оваа позиција, треба да ја испратата својата професионална биографија (CV) преку полето Брза Апликација
со назнака "
ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР".
 
Краен рок за доставување на апликациите e 25.06.2021
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Градежништво, Геодезија и Геологија изнесува 25.150 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде