Vrabotuvanje.com - Референт за набавка и логистика - Скопје - МЕЛМАКС БМ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Референт за набавка и логистика

Скопје

Рок за пријавување:

  • МЕЛМАКС БМ

Компанијата МЕЛМАКС БМ се занимава со дистрибуција и продажба на материјали за градежништво од земјата и од странство. МЕЛМАКС БМ е основана 1993 година и со своето професионарално работење успева да ја заземе водечката позиција во оваа дејност. Компанијата е лоцирана на две локации дирекција Порта Влае и склад во Визбегово што претставува и диструбутивен центар за испорака на материјали за нашите купувачи. 

МЕЛМАКС БМ има потреба од

РЕФЕРЕНТ ЗА НАБАВКА И ЛОГИСТИКА
Локација – Порта Влае - Скопје

 
Потребни квалификации
  • Завршено високо образование
  • Напредни компјутерски вештини и познавање на MS Office пакетот
  • Познавање на англиски јазик и регионални јазици (вербална и писмена комуникација)
  • Пожелно претходно работно искуство
 
Работни обврски 
  • Прием на нарачки од референт за продажба
  • Барање на возило за транспорт за одредена нарачка
  • Изготвување на налог за транспорт, нарачка за утовар и изготвување на испратница
  • Комуникација со добавувачи и транспортери
  • Проверка на исправност на документи пред царинска постапка
  • Комплетирање на целосна документација за царинска постапка и доставување до шпедиција
  • Доставување на испратници по електронски пат
  • Набавка на канцелариски материјал
 
Способности
  • Лојалност и чесност
  • Организираност и одговорност
  • Исполнителност и професионалност
  • Прецизност и темелност
  • Самоиницијативност и уредност
  • Флексибилност за индивидуално и тимско работење


Компанијата нуди обука на одбраниот кандидат, редовни месечни примања, одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим и можност за континуиран, професионален развој и напредување.

Доколку сте заинтересирани за работната позиција, а воедно ги поседувате горенаведените критериуми ве молиме испратете ја вашата кратка биографија (CV) преку полето Брза Апликација со предмет (subject) Референт за набавка и логистика. 

МЕЛМАКС БМ · (02) 20 43 454 / (02) 20 43 454

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде