Vrabotuvanje.com - Лиценциран царински застапник (декларант) / шпедитерски техничар - Скопје - Ред шпед ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Лиценциран царински застапник (декларант) / шпедитерски техничар

Скопје

Рок за пријавување:

  • Ред шпед ДООЕЛ Скопје

РЕДШПЕД ДООЕЛ Скопје, една од најуспешните професионални шпедиции, поради брз раст на компанијата и зголемен обем на работа има потреба од вработување на:

Лиценциран царински застапник (декларант) / шпедитерски техничар
Отворени позиции: 1

Локација: ТИРЗ Бунарџик

 
Одговорности и работни задачи:
  • Одговорен е за прием и проверка на точноста на документацијата потребна за изработка на документите за увозни, извозни, транзитни постапки и постапки за реекспорт;
  • Одговорен е за подготовка, изработка и процесирање на сите потребни документи за увозни, извозни, транзитни постапки (за редовна и поедноставена постапка) и постапки за реекспорт и нивно раздолжување во шпедитерскиот софтвер (Каспер);
  • Одговорен е за електронско поднесување на барањата за дозволи за увоз, извоз и транзит и добивање на потребните одобренија и дозволи за увоз, извоз, транзит и реекспорт;
  • Одговорен е за одредување на соодветните тарифни броеви при изработка на царински декларации; 
  • Одговорен е за претставување на Друштвото во постапката за физички преглед на стоката од страна на Царинската управа;
  • Одговорен е за изработка на налог за фактурирање за секој сработен предмет;
  • Одговорен е за делување во име на комитентите по барање на царинските органи;
  • Одговорен е за следење и применување на законските и подзаконските прописи, како и прописите на Друштвото од областа на шпедитерското и царинското работење.
 
Потребни квалификации:
  • Лиценца за вршење на застапување во царинските постапки ќе се смета за предност;
  • Најмалце 2 години искуство на иста или слична работа;
  • Одлично познавање на SOCDAD и EXIM;
  • Добро познавање на MS Office пакет;
  • Искуство во работа со КАСПЕР софтвер ќе се смета за предност; 
  • Познавање на англиски јазик;
  • Возачка дозвола од Б категорија.

Профил на кандидатот:
  • Самостојност во извршувањето на работните задачи; 
  • Одлични комуникациски вештини, доверливост, и способност за работа во тим;
  • Аналитичност, педантност, способност за решавање на проблеми, и ориентираност кон резултати;
  • Способност за работа под временски притисок;
  • Способност и желба за учење и развивање.

Услови од компанијата:
  • Динамични работни услови во брзорастечка компанија;   
  • Одлична работна атмосфера, солидни и стабилни приходи, и можност за напредување;
  • Работниот однос за позицијата се заснова на определено време од 3 (три) месеци, со можност за продолжување на договорот. 

Доколку сметате дека сте прилагодливи, сакате предизвик, имате позитивен и професионален пристап кон работата, Ве повикуваме да ги испратите Вашата професионална биографија на македонски јазик преку полето Брза Апликација со назнака “Декларант” во насловот на пораката. Огласот е отворен 30 дена од датумот на објавување. 

Напомена:
Апликациите без приложени документи (биографија) нема да бидат разгледувани. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. 
Сите апликации ќе бидат третирани со строга доверливост. Со самото аплицирање кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во апликацијата да бидат чувани во базата на податоци и обработувани од Ред шпед ДООЕЛ во рок од 1 година од денот на истекот на рокот за избор. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Сообраќај и Транспорт изнесува 24.623 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде