Vrabotuvanje.com - Референт за набавка - Скопје - ФЕНИКС ФАРМА ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Референт за набавка

Скопје

Рок за пријавување:

  • ФЕНИКС ФАРМА ДООЕЛ


PHOENIX Group е реномирана мултинационална компанија која нуди единствени и сеопфатни здравствени услуги на фармацевтските производители, аптеките, болниците и пациентите, опфаќајќи го целиот синџир на набавка во фармацевтската индустрија во 27 земји ширум Европа. 
 
Членки на групацијата PHOENIX на пазарот во Македонија се ФЕНИКС Фарма, како водечки дистрибутер кој се грижи фармацевтските производи да бидат на вистинско место и во вистинско време, и ЕЛ Фарма која нуди услуги како ексклузивно застапништво на реномирани фармацевтски производители.  
 
Доколку сте прилагодливи, сакате предизвик, имате  позитивен и професионален пристап кон работата, Ве повикуваме да се приклучите на нашиот тим на работно место:
 
РЕФЕРЕНТ ЗА НАБАВКА
 
 
Обврски и одговорности:
  • Контакт со домашни и странски добавувачи
  • Следење и контрола на официјалните понуди, испораките и документацијата од добавувачите 
  • Изработка и контрола на влезни калкулации според зададени параметри и одговорност за нивната точност
  • Контрола на ценовниците, нивелацијата на цени, и одговорност за нивната точност
  • Одржување на базата на податоци (шифрарник)
  • Reporting
 
Потребни квалификации:
  • Фармацевтски техничар/Дипломиран фармацевт со лиценца за работа 
  • Минимум една година работа во веледрогерија или аптека
  • Искуство во комерцијално работење ќе се смета за предност
 
Потребни способности и вештини:
  • Одлични комуникациски и преговарачки вештини 
  • Познавање на MS Office
  • Добро познавање на англиски јазик
 
Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, со почеток од 07:30 до 15:30 часот. Неделното работно време е од понеделник до петок. Локацијата на компанијата е во индустриска зона Визбегово.
 
Доколку сметате дека ги исполнувате горенаведените услови, пратета ја својата пријава преку полето Брза Апликација.
 
Рок на пријавување 14 дена од датумот на објавување на огласот.
 
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор. 

 

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде