Vrabotuvanje.com - Раководител за техничко одржување - Скопје - КАМ ДОО Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Раководител за техничко одржување

Скопје

Рок за пријавување:

  • КАМ ДОО Скопје

КАМ доо е најголем синџир на маркети во Македонија кој ги применува основните принципи на хард дисконт: Висок квалитет и постојано ниски цени. Присутни сме во три земји со повеќе од 100 продавници, а успехот на компанијата го обезбедуваат 1.200 вработени кои посветено и професионално ја извршуваат својата работа.
 
Дали сакате да бидете дел од нашиот тим?
 
Наскоро се отвара нашиот нов најголем, најмодерен и најсовремен Логистички центар во населбата Илинден. За таа цел компанијата има потреба од зголемување на сегашниот тим и бара:
 
Раководител за техничко одржување
 
 
Вашиот придонес и главни задачи и одговорности ќе бидат во делот на:
  • Поправки и редовно одржување на постојната опрема. Навремено водење и чување на техничката документација, моторни часови за вилушкари
  • Проверки и одговорности кон упатствата дадени од производителите на техничка опрема
  • Организирање и планирање на работата на работниците за техничка поддршка 
  • Вршење и организирање на поправка и одржување на опремата за чистење
  • Вршење и координација на закажаните поправки со услужните компании
  • Помагање при замена на батериите на електричните уреди и при поврзување со станиците за полнење
  • Контактирање со компаниите за собирање отпад и промена на контејнери
  • Следење на повратот на картони, амбалажа и палети од маркетите
  • Ја организира работата на работниците за поправка на палети
  • Следење и дополнување на залихата на резервни делови за техничката опрема
  • Вршење проверка и поправка на количките за пазарење кои се враќаат од маркетите
  • Следење на нивото на гориво на дизелгенераторите
  • Помагање при замена на оштетените гондоли или рафтови
  • Ги следи градежните проблеми и ги контактира компаниите за гарантни поправки
 
Услови кои треба да ги исполнувате:
  • Високо образование (машински инженер)
  • Комуникативна, темелна, доверлива и лесно прилагодлива личност. Тимски ориентирана и подготвена за работа во динамична атмосфера и компанија која е со постојан раст и развој
  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност
  • Познавање на МС Офис
  • Возачка дозвола Б-категорија
  • Одговара директно пред директорот на логистика
 
Ние Ви нудиме:
  • Предвидена атрактивна плата + дополнителен бонус зависно од успешноста во извршувањето на работните задачи;
  • Работа во интернационална компанија, динамична работа исполнета со нови предизвици и стекнување нови искуства и вештини;
  • Работа во тим кој е секогаш подготвен да ви помогне;
  • Воведување во работата со обука која ветува напредок и успех;
  • Регрес и платен одмор согласно Законските нормативи;
 
Доколку сте во потрага за нови професионални предизвици, мотивирани и подготвени за нови успеси, испратете персонална биографија (CV) на следната адреса: КАМ ДОО Персонален оддел ул. Индустриска бб (товарна) 1000 Скопје или на E-mail: personal@kam.com.mk
 
Апликација за работа можете да испратите и преку нашата нова интернет страница
 
Изборот ќе се изврши во рок од 15 или 30 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации.
Само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе влезат во потесниот избор и ќе бидат контактирани.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде