Vrabotuvanje.com - Менаџер на производство - Росоман - СИНЦЕРИТАС ДОО Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Менаџер на производство

Росоман

Рок за пријавување:

  • СИНЦЕРИТАС ДОО Скопје
  • Адреса: Ул.Никола Кљусев бр.11, 1000 Скопје

Синцеритас ДОО е фармацевтска компанија, чиј фокус на работење е култивирањето и производството на канабис за медицинска намена.
 
Работните практики и политики се усогласени со највисоките локални и европски стандарди во фармацевтската индустрија (EU GMP) со цел производство на масло од канабис со висока чистота и различни концентрации на CBD и THC.

сИНЦЕРИТАС ИМА ПОТРЕБА ОД

менаџер на ПРОИЗВОДСТВО

Менаџерот на производство е одговорен за целокупното управување со одддел производство во согласност со Фармацевтот во производство координира и контролира производствени активности. Имплементира производствен план/цели во согласност со GMP.

ОДГОВОРНОСТИ:

  • Производство и складирање производи според соодветна документација.
  • Одобрување на упатства за производство и нивно прецизно спроведување.
  • Проверка на евиденцијата пред испраќање до Контрола на квалитет.
  • Одржување на оддел, простории и опрема.
  • Почетна и постојана обука на вработени во оддел
  • Одобрување на пишани процедури и други документи
  • Следење и контрола на производствената средина
  • Следење и контрола на хигиената во производство
  • Спроведување на процесни валидации
  • Одобрување и следење на добавувачи
  • Одобрување и следење на договори поврзани си производство
  • Назначување и следење на услови за складирање
  • Водење евиденција
  • Следење на усогласеноста со ДПП (GMP)
  • Инспекција, истрага и земање примероци.
  • Вклучен во интегриран систем за управување.
  • Други задолженија во согласност со квалификации и образование  

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Завршени студии (додипломски и мастер) по фармација и специјализација по фармацевтска технологија
  • Минимум 5 години искуство во производство на индустриска фармација.
  • Искуство со производство на лекови, производи за здравствена заштита на потрошувачи или суплементи во исхрана
  • Способност за спроведување и одржување на постапки и документи во согласност со ДПП (GMP)
  • Способност да работи самостојно, со големо внимание на детали
  • Способност да зборува и пишува на англиски јазик
  • Возачка дозвола Б - категорија. 

Доколку сте заинтересирани, Ве покануваме да се пријавите со својата Професионална биографија преку полето "Брза Апликација".

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Фармација и Биотехнологија изнесува 36.814 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде