Vrabotuvanje.com - Фармацевт во производство - Росоман - СИНЦЕРИТАС ДОО Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Фармацевт во производство

Росоман

Рок за пријавување:

  • СИНЦЕРИТАС ДОО Скопје
  • Адреса: Ул.Никола Кљусев бр.11, 1000 Скопје

Синцеритас ДОО е фармацевтска компанија, чиј фокус на работење е култивирањето и производството на канабис за медицинска намена.
 
Работните практики и политики се усогласени со највисоките локални и европски стандарди во фармацевтската индустрија (EU GMP) со цел производство на масло од канабис со висока чистота и различни концентрации на CBD и THC.

сИНЦЕРИТАС ИМА ПОТРЕБА ОД

Фармацевт во ПРОИЗВОДСТВО

Фармацевтот во производство координира и контролира производствени активности. Имплементира производствен план/цели во согласност со GMP.

ОДГОВОРНОСТИ:

  • Спроведува оперативни прoцедури, производни планови и програми во согласност со GMP
  • Обезбедува усогласеност на производните процеси со организациските цели и политики во координација со Менаџерот на производство
  • Ја проверува достапноста на соодветни суровини и материјали за пакување, опрема, филтри и машински делови
  • Ги исполнува месечните и неделните планови за производство според распоредот во координација со Менаџерот за производство
  • Ги следи производствените активности за лекови во согласност со барањата на GMP
  • Осигурува дека целиот стандарден принос се одржува според потребите на производствените линии
  • Ги контролира производствените процеси и производствените капацитети
  • Се грижи општо за хигиената и хигиенските услови во производствените зони
  • Се грижи целата производствена опрема да се одржува во добра форма
  • Помага во првични истражувања за производи во фаза на развој
  • Се грижи да има дициплина и добра работна култура помеѓу персоналот
  • Се грижи за практичната работа на персоналот за производство
  • Се грижи за хигиенските услови на персоналот за производство
  • Се грижи луѓето во производство да носат маски, нараквици и чевли пред да влезат во производство
  • Подготвува дневни извештаи и врши проверки за правилно пополнување на документација во оддел според GMP
  • Одговорен за какво било одложување на дневниот, како и неделниот распоред на работа
  • Одлучува дали да одбие или користи сортирање на несоодветни суровини и материјали за пакување откриени за време на производствениот процес откако ќе разговара со Менаџерот на производство
  • Донесува одлука за тоа како да го распореди персоналот при отсуство од работа
  • Одговорен за планирање на работата според неделниот распоред
  • Ја надгледува работата на остатокот од тимот
  • Одговорен за материјалите што произлегуваат од магацинот за производство
  • Одговорен да ги чува сите доверливи работи и да го штити интересот на компанијата
  • Други одговорности кои се однесуваат на квалификациите и вештините на вработениот

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Факултетска диплома по фармација
  • 2 години искуство во производство во фармацевтска индустрија
  • Искуство со валидација на методи, усогласеност со GMP и креирање на СОПови
  • Мора да има докажана способност да организира да ја приоритизира работата за поголема ефикасност
  • Значително внимавање на деталите при извршување на било која задача
  • Одлични комуникациски способности
  • Способност за работа со апликациите на Microsoft Office
  • Возачка дозвола Б - категорија

Доколку сте заинтересирани, Ве покануваме да се пријавите со својата Професионална биографија преку полето "Брза Апликација".

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде