Vrabotuvanje.com - Машински инженер - Скопје, Визбегово - ЕНЕРГИЈА ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Машински инженер

Скопје, Визбегово

Рок за пријавување:

  • ЕНЕРГИЈА ДОО
  • Адреса: ул.Лондонска бр.1б Карпош, 1000 Скопје
  • Веб страна: http://www.energija.com.mk

Eнергија доо е формирана во 2005 година како компанија за продажба, проектирање и изведување на системи од областа на климатизација, ладење и греење. Следејќи ги светските стандарди и трендови и имплементирајќи ги во секојдневното работење Енергија континуирано го зголемува бројот на клиенти. Денес Енергија е препознатлива компанија во Македонија која асоцира на стручност, квалитет, професионалност и ефикасност. Во Енергија водиме сметка за потребите на своите клиенти, ги слушаме нивните потреби и заеднички соработуваме да го достигнеме најдоброто решение. Нашата дејност опфаќа климатизација на јавни и административни објекти, спортски и комерцијални центри, деловни простории, станбени објекти, индивидуални објекти.

ЕНЕРГИЈА доо - овластен дистрибутер на светските лидери за климатизација Carrier Toshiba Haier имаат потреба од:

Дипломиран машински инженер

 

 

Потребни Квалификации:

  • Машински Факултет - насока Термотехника за смета за предност
  • Познавање на англиски јазик
  • Работа со компјутер (Microsoft Office, Autocad)
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Работно искуство во областа на климатизација се смета за предност.

опис на работните задачи:

  • Професионален однос со клиенти за изнаоѓање решенија од HVAC областа
  • Креирање технички решенија и обработка на понуди во областа на централните системи за греење, климатизација и за вентилација.
  • Надзор при изведување на работите во однос на квалитет, вградени материјали и опрема, а врз основа на важечките прописи и технички стандарди.
  • Организација и контрола при изведба на работи и монтажи на терен.
  • Изработка на предмери при барање понуди и избор на опрема.
  • Следење и примена на нови технологии.

конкурентска Предност за работната позиција:

  • Желба за работа во динамична средина
  • Одлични комуникациски и организаторски способности
  • Динамичност, ефективност и ефикасност
  • Флексибилност и адаптибилност
  • Посветеност, мотивираност, иницијативност
  • Тимска работа и кооперативност
  • Решавање на проблеми

Нудиме редовни месечни примања, К-15 и бонуси и работа во пријатна атмосфера со тим од инженери.

Сите заинтересирани апликации може да ги достават преку полето Брза Апликација
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани

Огласот трае 30 дена од неговото објавување

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Машинско инженерство и Бродоградба изнесува 26.404 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде