Vrabotuvanje.com - Царински Специјалист - Скопје - Друштво за производство, трговија и услуги КНАУФ ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Царински Специјалист

Скопје

Рок за пријавување:

  • Друштво за производство, трговија и услуги КНАУФ ДООЕЛ Скопје

За Кнауф:

Ние сме еден од водечките светски експерти за градежништво и иноватори во областа на современите системи за гипс плочи, изолација и градежни материјали. Без оглед на структурата или градежниот проект – Кнауф реализира – за и со своите клиенти. Кариера во Кнауф значи интересни и динамични работни места на локално и меѓународно ниво. Со 250 производствени капацитети и продажни мрежи во над 86 држави, како и 35,000 вработени ширум светот, групацијата Кнауф е без сомнение глобален лидер на пазарите во Европа, САД, Јужна Америка, Русија, Азија, Африка и Австралија.


Ви нудиме можност за вработување како
ЦАРИНСКИ СПЕЦИЈАЛИСТ
во Кнауф Скопје

Одговорности и работни задачи:

  • Одговорен е за прием и проверка на точноста на документацијата потребна за изработка на документите за увозни и извозни постапки;
  • Одговорен е за подготовка, изработка и процесирање на сите потребни документи за увозни и извозни (редовни и поедноставени) постапки и нивно раздолжување во шпедитерскиот софтвер (Каспер)
  • Одговорен е за електронско поднесување на барањата за дозволи за увоз и извоз и добивање на потребните одобренија и дозволи за увоз и извоз;
  • Одговорен е за одредување на соодветните тарифни броеви при изработка на царински декларации;
  • Одговорен е за претставување на Друштвото во постапката за физички преглед на стоката од страна на Царинската управа;
  • Одговорен е за следење и применување на законските и подзаконските прописи, како и прописите на Друштвото од областа на шпедитерското и царинското работење.

Потребни квалификации и вештини:

  • Лиценца за вршење на застапување во царинските постапки;
  • Солидно познавање на царинските закони и регулативи;
  • Одлично познавање на SOCDAD и EXIM;
  • Солидно познавање на MS Office пакет;
  • Искуство во работа со КАСПЕР софтвер;
  • Напредно познавање на англиски јазик (познавање на германски јазик ќе се смета за предност);
  • Возачка дозвола од Б категорија;
  • Одлични комуникациски вештини и способност за работа во тим;
  • Подготвеност за работа под временски притисок;
  • Способност и желба за учење и развивање.

Услови од компанијата:

  • Компетитивна плата;
  • Динамична работа во брзо растечка, глобална компанија;
  • Пријателска работна атмосфера;
  • Работа со тим од професионалци и индивидуалци кои веруваат во интегритет, тимска работа и отворена комуникација;
  • Можност за внатрешни и надворешни обуки за усовршување во областа


Доколку сакате да работите во меѓународна компанија со можности за личен и професионален развој, Ве повикуваме да ја испратите Вашата професионална биографија (CV и мотивационо писмо) најдоцна до 07.08.2021 на aleksandra.gruevska@knauf.com. Кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани за интервју.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Сообраќај и Транспорт изнесува 24.623 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде