Vrabotuvanje.com - Консултант за продажба - Скопје - Vrabotuvanje.com
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Консултант за продажба

Скопје

Рок за пријавување:

  • Vrabotuvanje.com
 
Приватната агенција за вработување, “VRABOTUVANJE HR SOLUTIONS”, лидер на пазарот за консултантски услуги во доменот на човекови ресурси, објавува оглас за регрутирање на кандидати за позицијата:
 
Консултант за продажба 
 
Консултантот за продажба е одговорен за ширење на мрежата на клиенти, креирање извонреден и долгорочен партнерски однос со клиентите, со цел исполнување на поставените продажни и организациски цели, како и имплементација на договорената стратегија.
 
Главни одговорности:
  • Планирање и организирање на продажбата, реализација на зададените планови 
  • Евалуација на потребите на клиентите и изработка на соодветна продажна понуда
  • Продажба на услуги од областа на регрутација и селекција на потребни кадри и head hunting процедури
  • Продажба на консалтинг услугите во доменот на човекови ресурси 
  • Одржување и унапредување на продажбата кај клучните клиенти во Македонија и во странство преку воспоставување и одржување на деловни односи со клиентите
  • Припрема на понуди за соработка, преговарање и склучување на договори за соработка
  • Анализа на резултатите од продажба и изработка на извештаи, ажурирање на дата база
  • Градење и негување на релации со клиентите, преку партнерство со нив и разбирање на нивните потреби
  • Присуство на различни настани, конференции и обуки
  • Следење и анализа на пазарните трендови и активности на конкуренцијата
  • Учествува во развојот на деловниот план, плановите за маркетинг и други активности 
  • Комуникација со сите сектори во рамките на организацијата во однос на сите активности кои се составен дел на процесот на продажба и имплеменатција на услугите 
Потребни способности и вештини: 
  • Одлични комуникациски, презентерски и преговарачки способности
  • Способности за градење и унапредување на релации со клиенти
  • Развиени организациски и аналитички способности
  • Упорност и истрајност во остварувањето на поставените задачи и цели
  • Ориентираност кон остварување продажни цели
  • Висока мотивираност и целосна посветеност кон работните задачи
  • Флексибилност за работа на терен
Очекувани квалификации: 
  • ВСС
  • Релевантно работно искуство во продажба (продажба на услуги ќе се смета за предност)
  • Познавање од област на бизнис сектор
  • Флуентен англиски јазик, писмена и усна комуникација
  • Работно користење на компјутер – MS office
  • Активен возач - Б категорија
 
Ве покануваме, доколку имате интерес и соодветствувате со опишаниот профил за позицијата, пратете ваша апликација со Професионална биографија преку полето Брза Апликација, со назнака “Консултант за продажба ”
 
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани! Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде