Vrabotuvanje.com - Виши Соработник за планирање на радио и микробранова мрежа - Скопје - Македонски Телеком АД-Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Виши Соработник за планирање на радио и микробранова мрежа

Скопје

Рок за пријавување:

  • Македонски Телеком АД-Скопје

Македонски Телеком АД е водечки национален телекомуникациски оператор и е дел од Групацијата Дојче Телеком. Согласно својата мисија и стратегија за развој, компанијата постојано го унапредува своето портфолио на производи и услуги, притоа воведувајќи новини во работењето, а се со цел да одговори на потребите на своите корисници. Во функција на остварување на оваа наша стратешка определба, постојано ги следиме и применуваме најновите методи и трендови во процесот на вработување и управување со човечките ресурси работејќи според највисоките светски стандарди. 

Заради пополнување на позиција во нашиот тим, имаме потреба од талентиранo  лицe на работно место:

Виши Соработник за планирање на радио и микробранова мрежа
 
Одговорности:
  • Исполнување на таргетите за квалитет на радио мрежа со цел овозможување на високо квалитетна услуга на крајните корисници;
  • Ќелиско и фреквентно планирање заради остварување на планираната имплементација на нови базни станици или надградба на постоечки;
  • Фреквентно планирање заради ре-фарминг на постоечки фреквентни опсези и имплементација на нови технологиии (пр. UMTS900, LTE1800);
  • Проверка на нови локации за базни станици со алатките за планирање заради утврдување на погодноста на локациите при имплементација на планот за развој на радио мрежата;
  •  Планирање и конфигурирање на микробранови линкови за оставарување на пренос за базни станици и други фиксни услуги;
  • Следење и репортирање на GSM/UMTS/LTE покривање заради планирање на развојот на радио мрежата, јавно објавување на мапите на покривање, како и доставување на мапи и процент на покриеност до АЕК;
  • Придонес во изготвувањето на годишниот план за развој на радио мрежата.
Што очекуваме:
  • Добри вербални и комуникациски способности;
  • Проактивност;
  • Аналитички способности и способности за решавање на проблеми;
  •  Висок степен на креативност и флексибилност;
  •  Способност за работа под притисок;
  •  Тимска работа;
  •  Посветеност на работата и доверливост.
Квалификации:
  • Високо или Више образование (Технички факултет – Телекомуникации, Електротехника или друг технички факултет);  
  • 1-3 години работно искуство на иста или слична проблематика;
  • Напредни познавања на работа со компјутер (MS office, email, internet, intranet);
  • Добро познавање на мобилните технологии (GSM, UMTS, LTE) со посебни познавања во областа на радио мрежи;
  • Добри познавања на GIS технологија;
  • Солидно познавање на IP технологии (TCP/IP) и мрежи;
  • Солидно познавање на IT технологии и опрема (администрирање на компјутерски системи и бази на податоци);
  • Активно познавање на англиски јазик.
Работно време:
  • Работното време во компанијата е  флексибилно во траење од 8 часа (со почеток помеѓу 08:00 и 09:00 часот и завршување помеѓу 16:00 и 17:00  часот)
Што нудиме:
  • Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија
  • Плата согласно утврдените интерни акти на компанијата
  • Можност за континуирано професионално усовршување и развој
  • Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ
  • Останати бенефиции како вработен во МК

Како да аплицирате:

Вашето CV испратете го електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx  и/или на адреса на Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за  -  Виши Соработник за планирање на радио и микробранова мрежа

Огласот ќе биде објавен на ден  19.07.2021 година и ќе трае  до  30.07.2021 година

Контакт информации тел. 02/3 242-602

Забелешка:

Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.

Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.

Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
ИТ, Телекомуникации изнесува 45.517 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде