Vrabotuvanje.com - Асистент за човечки ресурси (Регрутер) - Струга - Ј-П КОНСАЛТИНГ ПАРТНЕР ДООЕЛ Струга
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Асистент за човечки ресурси (Регрутер)

Струга

Рок за пријавување:

  • Ј-П КОНСАЛТИНГ ПАРТНЕР ДООЕЛ Струга
 

Ј-П КОНСАЛТИНГ ПАРТНЕР ДООЕЛ, компанија која работи со реномирани домашни и странски компании од областа на Човечките Ресурси , има потреба од проширување на својот тим.

Потребни ни се кандидати кои се докажани експерти во својата област и ги поседуваат неопходните вештини за успешно продолжување на својата кариера во нашиот искусен тим, за работната позиција 

асистент за човечки ресурси (регрутер)

Краток опис на работните задачи и одговорности:

  • Креирање, имплементација и следење на годишен план за менаџирање на човечките ресурси на компанијата.
  • Развивање на стратегија за човечки ресурси во согласност со целите на компанијата и следење на успешноста.
  • Следење на светските трендови во сферата на човечките ресурси.
  • Изработка на договори за работа и следење на истите, пријави и одјави на вработени на компанијата.
  • Подготовка на документација за изработка на плата.
  • Пресметка на изработени работни часови на вработените.
  • Интервјуа со потенцијални кандидати, обука и менторство на новите вработени.
  • За координирање и за одговорноста за својата работа одговара пред Топ Менаџментот.
  • Активно водење според моделот plan, do, review.

Потребни квалификации:

  • Задолжително работно искуство во сферата на човечките ресурси од минимум 1 година.
  • Посветеност и одговорност кон задачите и работата
  • Флексибилност кон работното време за период кога обврските го наложуваат тоа.
  • Познавање на Англиски јазик,а познавање на Германски јазик ќе се смета за предност.
  • Одлично познавање на Office пакет (задолжително Excel и Word) и Интернет
  • Желба за понатамошно учење и развој
  • Спремност за работни ангажмани во земјата и странство
  • Совесност , одговорност и самомотивираност
  • Поседување на возачка дозвола Б категорија,како и поседување сопствено возило ќе се смета за предност.​

Потребна документација:

  • CV не постаро од 6 месеци.
  • Останати сертификати од неформално образование би се сметале за предност.
  • Посета на курсеви и семинари од областа на човечките ресурси би се сметале за предност.

Ние нудиме/ Вие добивате:

  • Мотивирачка и пријателска средина каде што вредностите и резултатите се важни.
  • Можност за работа со искусен тим за човечки ресурси  и уникатна шанса да се научи од експерти во оваа област.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.

Ве покануваме доколку имате интерес и соодвествувате со опишаниот профил за позицијата и ги исполнувате горенаведените точки, испратете Ваша апликација со професионална биографија преку полето Брза Апликација со назнака – “За работна позиција “Асистент за човечки ресурси”.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Човечки ресурси изнесува 36.801 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде