Vrabotuvanje.com - ИТ Техничар - Скопје - Vrabotuvanje.com за клиентот
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Скопје

Рок за пријавување:

Работодавач: Vrabotuvanje.com за клиентот

 

ВРАБОТУВАЊЕ за свој клиент, објавува оглас за:

ит техничар

одговорности:

  • Инсталирање, одржување и сервисирање на компјутерската и мрежната опрема, како и софтверските решенија инсталирани на таа опрема во целата компанија;
  • Овозможува правилна работа на компјутерската (и фискални апарати) опрема, и компјутерска мрежа во сите објекти;
  • Ги превзема сите мерки за заштита на податоците од уништување (backup);
  • Обезбедува сигурност на податоците од надворешен упад (лозинки за пристап, Active Directory, VPN, firewall и сл.);
  • Ги одржува и унапредува и сите други информатички сервиси кои фирмата ги нуди на вработените и клиентите;
  • За прашања и дилеми од раководството кои се однесуваат на компјутерската технологија се приготвува писмен одговор или мислење за конкретното прашање/дилема;
  • При разгледување на некоја идеја за унапредување на работата на фирмата која бара употреба на ИТ опрема или софтвер, се подготвува елаборат за начинот (или неколку можни начини) на реализација, составен од технички дел и проценка за потребните финансиски  средства за реализација;
  • Доследно следење на прописите за безбедност и заштита при работа;
  • Координација со ИТ развој и одржливост;
  • Следење на технолошки новитети кои би ја унапредиле продуктивноста на компаниско ниво.

Потребни квалификации:

  • Завршено средно техничко образование ССС;
  • Познавање англиски јазик на работно ниво;
  • Познавање на SQL;
  • Познавање на Windows Server;
  • Познавање на MS Access;
  • Искуство од 2 години на слична раб позиција поврзана со одржување и сервисирање  на компјутерски системи;
  • Одлично познавање на MS Windows (инсталирање, подесување, оптимизација и одржување);
  • Познавање на компјутерски мрежи и нивно сетирање за работа во MS Windows околина;
  • Познавање на фискални апарати ќе се смета за предност;
  • Возачка дозвола Б категорија.​

ВEШТИНИ И СПОСОБНОСТИ:

  • Способност за брзо дијагностицирање на некој технички проблеми;
  • Способност да даде привремено и/или трајно решение за отстранување на проблемот;
  • Менаџирање со приоритети;
  • Аналитичност и прецизност;
  • Нумерички вештини;
  • Објективна проценка на можности;
  • Доверливост;
  • Ажурност и информираност;
  • Менаџирање со ризици;
  • Способност за работа под притисок.

КАКВА ЛИЧНОСТ БАРАМе:

  • Комуникативна, динамична и доверлива личност;
  • Професионален пристап кон работните обврски;
  • Менаџира со време и почитува рокови;
  • Личност со желба за континуирано учење.

ШТО нудиме КАКО ОРГАНИЗАЦИЈА:

  • Средина отворена за професионален развој;
  • Професионална обука во континуитет според личните потенцијали и потребите на компанијата;
  • Одлична, позитивна и динамична работна атмосфера.
     

Доколку сте заинтересирани и ги исполнувате погоре наведените критериуми, Ве покануваме да се пријавите со испраќање на својата биографија (CV) преку полето Брза Апликација.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
ИТ, Телекомуникации изнесува 45.517 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде