Vrabotuvanje.com - Извршител комерцијалист - Скопје - ГД ГРАНИТ АД Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Извршител комерцијалист

Скопје

Рок за пријавување:

  • ГД ГРАНИТ АД Скопје

ГД Гранит АД Скопје e најголемиот македонски градежен изведувач, чија основна дејност е изградбата на патишта и автопатишта, бренд кој е препознатлив и надвор од границите на Република Македонија. Главните активности на ГД Гранит АД Скопје се градежни активности од областа на високо и нискоградбата, со претежна концентрација на капиталните Проекти кои се обемни и знајчани како по нивната големина така и по нивната сложеност.

ГД Гранит АД Скопје има потреба од

Извршител комерцијалист - 1 извршител


Потребни квалификации:
  • ВСС, (Економски науки)
  • Пожелно е работно искуство со набавка и продажба на градежни материјали,
  • Преговачки и комуникативни способности,
  • Компјутерски способности – MS Office,
  • Познавање на Англиски јазик
  • Поседување на возачка дозвола Б категорија.
 
Компанијата нуди:
  • Нето плата во висина од 25.000 денари
  • Работен однос на определено време од  3 месеци со можност за продолжување
  • Одлична можност за напредување и усовршување ,
  • Работни денови од понеделник до петок.
 
Клучни одговорности и задачи:
  • Врши набавка на материјали од својата надлежност согласно требувањата и барањата на организационите единици согласно динамичките планови за изградба на објекти и работа на погони;
  • Го следи движењето на цените на пазарот;
  • Прибира понуди од добавувачи за секое поединечно требување од организационите единици за конкретни објекти и погони;
  • Соработува со добавувачи во врска со цени и квалитет на материјали;
  • Соработува со организационите единици во врска со цени и квалитет на материјали;
  • Врши контрола и усогласување на сите добиени понуди и цените на пазарот;
  • Изготвува прегледи спрема добиени понуди и цените на пазарот;
  • Ја следи испораката на нарачани материјали до корисниците.
 
Личен профил:
  • Организираност и одговорност
  • Способност за тимска работа
  • Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност
  • Способност за работа под притисок и на кратки рокови
 
Кандидатите покрај наведените услови, потребно е да ги исполнуваат и општите услови предвидени со Закон. Работата од огласеното работно место ќе се одвива од понеделник до петок со полно работно време (8 часа) од 08,00 до 16,00 часот.

Изборот на кандидатите треба да се изврши во рок од 30 дена.
 
Огласот трае седум работни дена од објавувањето. 
 
Молбите за работа доставете ги во ГД,,Гранит,,АД-Дирекција Скопје на ул. Димитрија Чуповски бр.8, или на E-mail: jobs@granit.mk. 
 
За дополнителни информации кандидатите можат да ја контактираат службата за Човечки ресурси на тел. бр. 02 3218-748.  
Со самото аплицирање на овој оглас, давате согласност вашите податоци да бидат задржани во базата на податоци на компанијата и користени од наша страна во рок од 6 (шест) месеци.
 
Само одреден број кандидати кои ги исполнуваат бараните критериуми ќе бидат повикани на интервју.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде