Vrabotuvanje.com - Сервисер за електричен и моторен алат - Скопје - СБДМК ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Сервисер за електричен и моторен алат

Скопје

Рок за пријавување:

  • СБДМК ДООЕЛ Скопје
  • Адреса: Благоја Стефковски 7, 1000 Скопје
  • Веб страна: https://www.sbd.mk/

СБДМК е фирма која веќе 25 години успешно работи во Р. Македонија. Ние сме ексклузивни увозници, дистрибутери и сервисери на Black&Decker, DeWALT и Stanley во Македонија. Во своите програми овие брендови нудат различни рачни и електрични алати, апарати наменети за професионална употреба , како и за домашна употреба и за широка потрошувачка. Дел од тие производи се: дупчалки, брусалки, циркулари, пили, електропневматски чекани, батериски машини, како и косилки, ножици за жива ограда, тримери и мали кујнски апарати за домаќинство, брави, катанци и друго.

За сите наши производи обезбедуваме и соодветен прибор и оригинални додатоци. Во склоп на нашата фирма е малопродажниот салон, големопродажба и сервис за нашите брендови, Black&Decker, DeWALT и Stanley, за кои обезбедуваме гаранција и оригинални резервни делови. Покрај тоа застапени сме во преку 60 продавници од нашата партнерска мрежа ширум Македонија.

 Имаме потреба од вработување на кандидат за следната работна позиција:

сервисер за електричен и моторен алат

 

Опис на работно место:

  • Прием на алати за сервис, дефектажа и сервисирање.
  • Изработка на сервисни понуди и фактури.
  • Нарачки на резервни делови, прием и редење во магацин.
  • Изработка на месечни извештаи за сервисирањето.
  • Помош во Малопродажба и Магацин.
  • Учество во презентации и обуки.


Потребни квалификации:

  • Минимум завршено средно образование
  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност,
  • Познавање од областа на електричен и рачен алат ќе се смета за предност,
  • Основно познавање на MS Office пакетот,
  • Основно познавање на Англиски јазик,
  • Возачка дозвола Б категорија.


Дополнителни информации:

  • Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии CV, можат да ги испратат преку полето Брза Апликација со назнака ( Сервисер за Алат ).
  • Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до 12/07/2021 година.
  • Ве молиме без телефонски јавувања.
  • Вработувањето е на неопределено време со три месечен тест период. Апликант може да биде секое лице без разлика на расна, верска, национална или политичка припадност. Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Инсталации, Одржување и Поправки изнесува 24.722 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде