Vrabotuvanje.com - Сетер во одделот за лиење пластика - Охрид, Струга - Магна Мирорс Саут-Ист Јуроп ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Сетер во одделот за лиење пластика

Охрид, Струга

Рок за пријавување:

  • Магна Мирорс Саут-Ист Јуроп ДООЕЛ

Опис на компанијата

Magna International Inc. е водечки светски добавувач на автомобилски компоненти посветен на развивање на нови мобилни решенија и технологија која ќе го промени светот. Нашите продукти и системи се вградени во две од секои три возила произведени во светот и глобалната мрежа на Magna International Inc. се наоѓа на пет континенти и 28 држави и се состои од 347 производствени операции и 84 центри за инженеринг, продажба и развој со повеќе од 158,000 вработени кои се фокусирани на испорачување на супериорна вредност на нашите клиенти преку иновативни процеси и производство од највисок квалитет.

За потребите на својата дивизија за производство на ретровизори Magna Mirrors, во Охридско/Струшкиот регион, имаме потреба од:

СЕТЕР ВО ОДДЕЛОТ ЗА ЛИЕЊЕ ПЛАСТИКА

Главни одговорности

  • Одговорен за алатите за лиење пластика, опкружувањето на машината, системот за сушење на гранулат;
  • Ги поставува параметрите на алатите за лиење пластика;
  • Ги чита и толкува нацртите, скиците, цртежите со спецификациите на производот и спецификациите кои се обезбедени од клиентот за да ги задоволи неговите барања;
  • Ги прегледува процедурите и работните инструкции и дава препораки за подобрување;
  • Ги следи процесите и работната документација. Врши опис на работните станици, промени во техничката и нацртната документација, воведување на промени во производната документација;
  • Ги решава проблемите со помошната опрема поврзани со лиењето;
  • Врши инспекција, ги мери и тестира процесите и финалниот производ согласно зададениот контролен план за производот со прецизна опрема за мерење;
  • Спроведува обука на сетерите на машини;
  • Ја спроведува комуникацијата за време на промена на смена / Комуникација со вработените;
  • Врши проценка и учествува во подобрување на внатрешните процеси и барањата на клиентот (Kaizen, 5S);

Главни одговорности / Барања

  • Техничко образование;
  • Минимум 2 години работно искуство во техничка област;
  • Основно познавање на MS Office;
  • Добри вештини во решавање на проблеми;
  • Основно познавање на англиски јазик;
  • Аналитичко и сеопфатно размислување и самоиницијативни способности;
  • Способност за работа под притисок;
  • Тимски играч.
 

Место на работаТИРЗ Охрид / Струга

Краен рок за аплицирање: 08.08.2021

Доколку сте заинтересирани за позицијата и ги имате потребните вештини, испратете го вашето CV на следната email адреса: job.mk@magna.com со назнака:  "Сетер во оддел за лиење пластика" најдоцна до 08.08.2021.

Со доставување на Вашето CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Машинско инженерство и Бродоградба изнесува 26.404 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде