Vrabotuvanje.com - Оперативен менаџер на Ски центар - Ресорт Маврово, с.Маврово - Ресорт Маврово
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Оперативен менаџер на Ски центар

Ресорт Маврово, с.Маврово

Рок за пријавување:

  • Ресорт Маврово

Ние сме планински ресорт, едно сме со природата, работиме и живееме за планината. Нашите гости се наше најголемо богатство и наша мисија е нивната среќа. Ресорт Маврово (Хотел Бистра, Хотел Спорт и Хотел Лоџ, Спорт и Ски Центар Маврово) е место за одмор и рекреација на фамилии со деца, спортски припреми на професионални спортски организации и канцеларија за работа на индивидуалци и организации во сите годишни времиња.

Нашите вработени се нашето лице на љубезност, гостопримство и беспрекорна услуга поради кои, гостите доаѓаат како гости, а си заминуваат како наши пријатели.

Ресорт Маврово ДОО вработува

ОПЕРАТИВЕН МЕНАЏЕР НА СКИ ЦЕНТАР - РЕСОРТ МАВРОВО
 
 

Работни одговорности на Оперативен менаџер на Ски центар – Ресорт Маврово:

  • Менаџирање на вработените во Ски центар – Ресорт Маврово;
  • Редовна грижа и комуникација со стеикхолдери;
  • Планирање и организација на активностите во Ски центар – Ресорт Маврово;
  • Одговорност за развој на Ски центар – Ресорт Маврово;
  • Менаџирање на одржувањето на објектите и ски терените, како и возниот парк во ресортот;
  • Подготовка на анализи, извештаи, презентации;
  • Други оперативни одговорности соодветни на работната позиција во договор со врвниот менаџмент.

Карактеристики кои нашиот идеален кандидат треба да ги поседува:

  • Лидерски и организациски вештини;
  • Личност подготвена за високи цели и големи потфати;
  • Вештини за проектен менаџмент;
  • Одлични комуникациски вештини;
  • Одговорност и посветеност кон работата
  • Ориентираност кон клиенти;
  • Проактивна, вредна и енергична личност;
  • Лојалност и чесност;
  • Желба за раст и развој.

Потребни квалификации и компетенции:

  • Искуство од мин. 5 години на менаџерска позиција (спорт и спортски активности, туризам, технички науки);
  • Искуство и познавање на работата во Ски центар се смета за значајна предност;
  • Минимум Висока Стручна Спрема (ВСС). Магистерски студии се предност и значајна предност имаат кандидати со студии на Факултетот за физичка култура, Туризам или технички науки;
  • Препораки од претходни работодавачи ќе се сметаат за предност;
  • Сертификати поврзани со работната позиција;
  • Напредно познавање на англиски јазик, познавање на други јазици е предност;
  • Напредно познавање на Microsoft Office пакетот.

Доколку станете наш вработен добивате:

  • Конкурентна плата;
  • Службено возило;
  • Сместување во Ресорт Маврово и 3 оброци на ден;
  • Можност за напредок и раст.

Локација:  Ресорт Маврово – Маврово

Тип на вработување: Полно работно време

Како да аплицирате:

Пратете ни ја Вашата комплетна апликација (CV, Мотивационо писмо, Диплома од последно завршено образование, Сертификати соодветни за работната позиција, Препораки од претходни работодавачи) на следниот меил: hr@resortmavrovo.com и во subject наведете „Оперативен менаџер на Ски центар“.

Лице за контакт: Димитрија Ристевски – Сектор за Човечки ресурси, Ресорт Маврово.

Рок за пријавување на огласот: 30.09.2021

Disclaimer:

  • Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции и кои ќе имаат комплетна апликација;
  • Кандидатите во процесот на селекција ќе бидат тестирани;
  • Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати на компанијата;
  • Ресорт Маврово е горд работодавач кој дава еднаква шанса на сите.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Туризам и Угостителство изнесува 20.094 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде