Vrabotuvanje.com - Оператор во магацин - Охрид, Струга - Магна Мирорс Саут-Ист Јуроп ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Оператор во магацин

Охрид, Струга

Рок за пријавување:

  • Магна Мирорс Саут-Ист Јуроп ДООЕЛ

Magna International Inc. е водечки светски добавувач на автомобилски компоненти посветен на развивање на нови мобилни решенија и технологија која ќе го промени светот. Нашите продукти и системи се вградени во две од секои три возила произведени во светот и глобалната мрежа на Magna International Inc. се наоѓа на пет континенти и 28 држави и се состои од 347 производствени операции и 84 центри за инженеринг, продажба и развој со повеќе од 158,000 вработени кои се фокусирани на испорачување на супериорна вредност на нашите клиенти преку иновативни процеси и производство од највисок квалитет.

За потребите на својата дивизија за производство на ретровизори Magna Mirrors, во Охридско/Струшкиот регион, имаме потреба од:

ОПЕРАТОР ВО МАГАЦИН

Главни одговорности:

  • Примање материјали во магацин и нивна интерна дистрибуција во согласност со важечките прописи и процедури
  • Складирање на материјалите во магацинот според нивната намена и ажурирање на податоците во системот со помош на скенер
  • Учествува во пописи
  • Растоварање и товарење возила во магацинот, испорака на материјалите до производствените линии и координирање на непреченото товарење и истоварање на возилата
  • Подготовка на документацијата поврзана со утовар/истовар; пријавување пратки подложни на царинска постапка
  • Проверка на потенцијални несогласувања помеѓу количините на материјали во магацинот и податоците во системот
  • Почитување на FIFO принципот
  • Почитување на принципите на 5S во целиот магацин, вклучувајќи ја и магацинската канцеларија
  • Користење на виљушкар
  • Работи според важечките стандарди (ISO TS 16949, ISO 14001)

Главни одговорности / Барања:

  • Техничко образование;
  • Минимум 1 годинa работно искуство во магацин/логистика во автомобилска индустрија
  • Основно познавање на MS Office
  • Дозвола за виљушкар
  • Познавање на FIFO принципот
  • Основно познавање на англиски јазик ќе се смета за предност
  • Искуство со софтверот SAP ќе се смета за предност
  • Способност за користење скенер
  • Познавање на ISO стандардите и 5S
  • Способност за читање, пишување и следење na упатства и самостојна работа
  • Способност и искуство со работа под притисок и во куси временски рокови
  • Свесност за правилата и регулативите за здравје и безбедност при работа
  • Добри интерперсонални и добри комуникациски вештини
  • Тимски играч

Место на работаТИРЗ Охрид / Струга

Краен рок за аплицирање: 30.09.2021

Доколку сте заинтересирани за позицијата и ги имате потребните вештини, испратете го вашето CV на следната email адреса: job.mk@magna.com со назнака: "Оператор во магацин" најдоцна до 30.09.2021.

Со доставување на Вашето CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Магацинско работење и логистика изнесува 25.063 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде