Vrabotuvanje.com - Менаџер за осигурување на квалитет - Росоман - СИНЦЕРИТАС ДОО Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Менаџер за осигурување на квалитет

Росоман

Рок за пријавување:

  • СИНЦЕРИТАС ДОО Скопје
  • Адреса: Ул.Никола Кљусев бр.11, 1000 Скопје

Синцеритас ДОО е фармацевтска компанија, чиј фокус на работење е култивирањето и производството на канабис за медицинска намена.
 
Работните практики и политики се усогласени со највисоките локални и европски стандарди во фармацевтската индустрија (EU GMP) со цел производство на масло од канабис со висока чистота и различни концентрации на CBD и THC.

сИНЦЕРИТАС ИМА ПОТРЕБА ОД

менаџер за осигурување на квалитет

Менаџерот за обезбедување квалитет е одговорен за обезбедување на постојан квалитет на производството преку развивање и спроведување на системи за добра производна пракса (GMP); валидација на процеси; обезбедување документација и раководен кадар. Оваа позиција потврдува дека сите надворешни и внатрешни барања се исполнети пред производот да биде пуштен во промет. Оваа работна позиција е исто така одговорна за проверка на постапките и резултатите и идентификување на грешки или несообразност во процедури.

ОДГОВОРНОСТИ:

  • Контролира процедури и обезбедува усогласеност со GMP, креира, пишува и одобрува SOP во согласност со GMP.
  • Финален преглед вклучувајќи преглед на аналитички и микробиолошки резултати, отстапувања и контроли на промена.
  • Ја води постапката и активностите што произлегуваат од корективните и превентивни мерки.
  • Проверува дали годишниот преглед на производот се спроведува во согласност со стандардите.
  • Надгледува дали програмата за усогласеност со процедури и норми соодветно се спроведува и дали сите критични трендови се решаваат соодветно.
  • Го надгледува и управува системот за контрола на суровини.
  • Обука за GMP за нов и тековен персонал
  • Планира, координира и надгледува лабораториски анализи за активности за усогласување, одговор при итни случаи, студии на локации, студии за здравје и безбедност, испитувања и санација.
  • Ефикасно и ефективно спроведува точни проценки за неуспеси за да се поправи основната причина и да се обезбеди континуирано подобрување
  • Директно управува со целиот тим за осигурување на квалитет (QA).
  • Обезбедува упатства за сите други оддели во однос на GMP.
  • Вклучен во ИСУ (Интегриран Систем за Управување)
  • Други одговорности поврзани со програмите и процедурите за осигурување квалитет, во согласност со вештините и квалификациите на кандидатот.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Минимум 5 години работно искуство во оддел за осигурување на квалитет како раководител на оддел. 
  • Диплома за завршени додипломски студии во една од овие области: фармација, хемија, биологија.
  • Искуство во производство на лекови или природни здравствени производи.
  • Одлична способност за имплементирање и одржување на систем за обезбедување на квалитет, вклучувајќи: преглед на сериски записи, контрола на документите вклучувајќи испитувања за квалитет.
  • Одлично познавање на MS Office.
  • Одлична способност за технолошко пишување (SOPs, годишни извештаи, истражувачки резимеа итн).
  • Одлична способност да работи независно, со силно внимание на детали.
  • Одлична способност да зборува и пишува на англиски јазик.
  • Возачка дозвола Б категорија.


Доколку сте заинтересирани, Ве покануваме да се пријавите со својата Професионална биографија преку полето "Брза Апликација".

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
ИТ, Телекомуникации изнесува 45.517 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде